Повод: Реакцијата на ВМРО НП за избор на кум на Водици 2015

„Па ево едно мислење и од мене… еден од организаторите на Првото Богојавјание во пост – социјалистичка Македонија. Сигурен сум дек е п’убо секој да си ја гледат својата работа. Стално, по некое непишано правило, партиите се тие шо се осеќет повикани да го дает нивнот “суд”, требело – нетребело.
Во случајоф… зарем не е доволно шо спорниот Кум е православен христијанин? Зарем верата, како таква, неширит човекољубие? Зарем на Богојавјание не идет луѓе од целиот Балкан, а нас пак ни годит шо Охрид и Македонија се во центар на вниманието?

Вие од партиите (кои и да сте) гледајте си ги вашите фотелји. Немојте да мислите дека вие сте единствените повикани и предодредени да ја чувате и браните македонштината. И немојте да мешате баби и жаби. Остајте ги Македонската и Српската Црква да си ја решет работата меѓу себе.

Исто така, остајте ги Пендо и Даркана да си ја бркет работата. Сиве овие години гледет да го организирет Богојавјание шо е можно п’убо, шо подостојно… пак од другастр’на – нечинело ова… нечинело она…!? Кому не му чинит, нек не ојт.

А масовноста пак, зборвит сама посебе!

За Ногу Години Богојавјание!“

Ристо Ристе

*Изнесените ставови во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се ставови на авторите и редакцијата на ОхридНењс не сноси одговорност за изнесеното во нив.