Се додека можеме да живееме со дуализам – остатокот од нашиот живот нема да има смисла односно нема да има големо значење. Нашиот живот мора да има смисла за нас за да го вреднуваме. Кога нашиот живот ќе постане или постанал нивни живот ние не сме во состојба да го вреднуваме нашиот живот. Од тоа произлегува Парадоксот на Апсурдноста во нашето искажување или однесување иако внатрешно сме свесни за таквото наше надворешно однесување или искажување. Се со единствена цел да имаме наивна лажна надеж за некое подобро утре, подобро утре каде вината за сопствената неспособност (како во физичка така и во психичка способност) ја префрлиме на некој друг – за да се оправдаме пред другите за сопствената неспособност иако внатрешно во себе не потиштува неспособноста, депримирачки делува и како краен резултат доведува до една безизлезна ситуација каде се  препишуваме на некоја си виша сила (судбина, пишано итн.). Оваа нација (очигледно во светски размери, гледајќи и слушајќи) е парадоксално апсурдна со лошо расудување и бесмисленост во расудувањето, со сопствена идентификација за инает, кој инает на крајот преминув а во сопствено зло, на почетокот индивидуален, па семеен, па фамилијарен, па регионален и на крај национален. Се поставува големо прашање ЗОШТО оваа нација мора да е таква,(имајќи ги во вид другите нации како во минатото така и во сегашноста).

ПАРАДОКСОТ (контрадикција), навидум е точна изјава или постапка на единката или групата што доведува до контрадикција во ситуација на која пркоси логиката или интуицијата (како морална вредност, прифатена како Морално право), за кои и самите во одреден момент не сме свесни односно несвесни – за нашите изјави или постапки. Додека АПСУРДОТ (бесмисленосст),е нешто крајно неразумно однесување или искажување кое се коси со општо прифатените (моралните норми) норми и пркоси на самите себе (внатрешно). Свесноста за бесмисленото однесување пом шано со контрадикцијата (што е “општо” прифатено поготово во Македонија), доведува до Парадоксот на Апсурдот.
   
Сопственото право на идентитет самите го фалсификуваме со нашето ирационално однесување и искажување. Од тука произлегува и нашиот (оспорен од другите) национален идентитет од причина што самите себе не се вреднуваме, не ги вреднуваме нашите животи и егзистенции. Се препуштаме на: надежта (утре), ИСЧЕКУВАЊЕТО ( иднината) итн. Со еден збор се препуштаме на другите дека ќе ни овозможат егзистенција како во индивидуален/семеен така и национален опстанок. Кога на ова ќе се додаде и националната стратегија спроведена преку институционалниот систем (“државна стратегија”), по наше доаѓа се на “свое место” – односно капачето си наоѓа лонче.
   
За жал ова наше индивидално однесување и искажување (поџдржано од “државна стратегија”), е од краткорочен “успех”, “успех” во кој мислата ни постанува, дека животот мој е од големо значење, но исто така и не е од големо значење. На подлогорочен временски период ќе дојдеме/доаѓаме до индивидуално, семејно, фамилијарно, регионално и на крај национално исчезнување – доаѓаме до синдромот на САМОУНИШТУВАЊЕ. Желбата за сопствен рај станува пекол за другите но и за себе, без ралика на материјалното или финансисокото богатсво. Со парадоксалното и апсурдното однесување и искажување се губи смислата на Духот (психата) и затоа на парадоксално/апсурдните треба да да им помогнеме за да си помогнат сами на себе како би го издигнале сопствениот духовен развој. Впрочем духот останува (бесмртен е) се друго е материја.

Повод:

Досегашноста (20 години – транзиција/приватизација/реформи/итн.).
Предизборни кампањи – сите (својата немоќ да ja префрлиме на некој друг да го oмаловажиме со цел е прикриеме сопствената неспособност).
Избори – сите, (гревот од pсихичкото и fизичкото насилство како омаловажување на електоратот).
Медиуми,(“мајсторите”/профитерите кои од една вистина прават сопствена вистина во зависност од припадноста односно профитерството.Нивното дуалистичко “независно” новинарство.
Заложништвото, (од малите партии како предизборни коалиции, спонзорите/донаторите на политичките партии).
Сеопшта апатија – индивидуалната немоќ? – исчекувањето од други – зависноста од надежта – вербата во лагата.

Да не дозволиме (без ралика кој колку може, каде и да е) со нашето pарадоксално, aпсурдно па ако сакате и индивидуално задоволство за сметка на колективитетот – Државата МАКЕДОНИЈА ja изгубиме ВО НОВИОТ СВЕТСКИ ПОРЕДОК. Да се надминеме самите себе (како индивидуално задоволство) за сметка на колетивитетот/Нацијата/Државата. Да го издигнеме ДУХОТ за заедништво на оваа Македонска нација. Нека во очи големиот христијански ден Слегувањето на Светиот Дух, навистина го издигнеме ДУХОТ за заедништво.

Со почит,
Пулески Никола

*Ставовите изнесени во оваа рубрика се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.