Почитуван Г-дин градоначалник!

Кога во далечната 2002 година беше назначен директор во училиштето “Братство Единство” Охрид Вие тогаш не можевте да влијаете на тој процес. Но кога тоа го направивте во 2007 година Ве уверувам дека направивте голема грешка.

Оценката што училиштето ја доби по извршениот инспекциски надзор кон крајот на месец Февруари оваа година многу кажува за досегашната работа на училиштето а секако и на неговиот раководител. Сметам дека јавноста мора да биде запознаена со работењето и во тој контекст и со оценката што ја доби училиштето од страна на Државниот просветен инспекторат.

Нема многу да зборувам за оценката само ќе кажам дека таа гласеше “делумно задоволува” што според мене е еквивалент на слаба двојка.Прашање е дали ќе беше и толкава доколку беа земени во предвид дел од моите забелешки на работењето во училиштето што во писмена форма ги предадов на Д.П.И. а дел ги изложив на состанокот на наставничкиот совет во присуство на инспекторите. Забелешките беа многубројни, а ќе набројам само неколку: крајно нетранспарентно работење на органите на училиштето, нестатутарен и незаконски избор на членови во Училишниот одбор од редот на наставниците; непочитување на кодекс и куќен ред на училиштето; нехигиена; нарушена безбедност на учениците , голем број неодржани часови;недисциплина; лоши услови за работа и т.н. И кога на ова ке се додадат неправилности во материјално-финансиското работење на училиштето сликата ќе биде уште пореална.

Зошто го пишувам сето ова? Знаете како се вели, “Било, да не се повтори”.Се надевам ова ќе влијае да се одлучите кого да не го изберете за раководител на училиштето во периодот кој доаѓа.

Убеден сум дека успехот или неуспехот во некоја работа го понесуваат сите но најголемиот дел раководителот и побрлиските соработници. Најблиските соработници на раководителот на училиштето треба да чувствуваат морална одговорност и да не се кандидираат на претстојниот избор за директор, зошто ако сакале нешто да променат индиректно можеле да го направат тоа но или немале капацитет или не сакале било што да се исправи.

Според тоа со право може да се очекува дека доколку биде избран за директор некој од неговите блиски соработници се ќе продилжи како и до сега или може да оди и полошо.

Затоа уште еднаш Ве молам пред да го изберете новиот директор внимавајте тој да не биде ниту сличен со досегашниот. Сметам дека ќе биде потребна цврста рака , ќе има многу што да се исправа.

                                                                             Милчо Лабоски
                                                      вработен во оу.”Братство Единство”-Охрид

* Ставовите изнесени во оваа рубрика се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите. Текстот не е лекториран и е објавен во оригинал.