Здраво тета Ленка,
Нели знаеш уживам со топол чај летно време. Во раните утрински часови. На почеток секогаш келнерот од Стар Чинар два пати ме прашуваше: ладен или топол? Секогаш со збрчкано лице ќе ме сфатеше. Во тие моменти речиси секој ден поминуваат дресирани туристи во мала колона. Забрзани странци. Слегуваат од автобус кај пазарот. Го следат слепо водичот. Се гледа дека им е микрофонски наредено од хотел до застанувањето на Туристичка што треба и не треба да прават. Јас со мир во мојата глава добивам нервно чувство од вакви сцени. Сите пешачат во ист ритам. Рамо до рамо. Во договерен ред. Нервозна пешадија. Пред мене старец ја јаде неговата омилена чорба. Зелено комби растовара гајби со сокови и жестоки пијалаци. Десно на пазар трговец си ја гради неговата нестабилна тезга. Тој си е влезен во свој транс и свет. Скоро секое утро седат неколку исти службеници од општина и од други локални институци. Тие исто така имаат секојдневен ритуал. Кафе кај чинарон.
Веднаш компјутерски застануваат сите туристи. Клик, клик, клик и чао. Водичот нешто со мимики им објаснува. И готово. Како краток ветер и дожд заминуваат во чаршијата. Животот кај чинарот си тече. Без роботски ладни туристи. Јас и мојот топол чај. Другари во пријатно расположение. Се изненадуваме по неброен пат за ваков познат стандарден уличен театар. Што сликаат овие туристи? Пропадната фонтана. Џамија од десна страна, во истата поза во еден кадар фаќаат и православна црква од лева страна. Тоа е Македонија, тоа е Охрид. Мултиетничко општество. За сите има место, живот и права. Заедно. Во позадина има дуќани. Од Себо кондури. Бутик за свадби. Но најважен „дигитален“ споменик им е дрвото. Ееј пусто дрво. Што нема ова дрво преживеено. Со векови. Се има видено. Можеби уште од времето од Александар, од Византиското, од Римското царство, од Турското, од Југослевонското и до сега. Ама во кој историски период живееме сега? Не знам и јас. Ако ги гледам политички протестите низ охридските улици, тогаш ја гледам сегашната Македонија. Кога се скрши една гранка од чинарот, тогаш бевме сите сведоци во каква држава живееме: 1379 расправии и чудесии. Никој не е одговорен. Никој не презема акција. И секогаш другиот е крив. Како и секогаш.
Лична тета,што е ваква работава?
Ако ги гледам протестите во главниот град тогаш нема 100.000-200.000 млади. Тие седат без работа дома. Каде се тие?! Да ја стресат државата како во Либија, Египет и Тунис. На различни тв-вести во центарот на вниманието беше нон-стоп само еден збунет човек. Можеби глуми. Не можам да откријам. Порано имаше брада. На времето се сметаше како
најмлад премиер во Европа. Сега, после 21 година, уште е тука на политичката сцена. Нели тој беше премиер, во опозиција, па претседател, екселенција, високо почитуван. Нели тој имаше во сите тие години 1000.000 шанси да среди се во нашава држава. Клучевите беа во неговите раце. И сега се прави национална жртва, се буни за истото што пропушти тој да го направи. Да нема сиромаштија и корупција. Да се реши проблемот со името. Досега можевме да сме во ЕУ, НАТО. Со убави плати и чисти услови. Фер, искрени закони. Пензии солидни. Подобар живот и стандард. Не знаев дека има господинот кондиција за да трчат по асфалт и да скока преку специјалци со шлемови, маски и оружје. Ако после 21 година тој уште кажува нешто за промени тогаш нешто не е во ред во Македонија. Тоа е девалуација. Да трчаше деновиве млад друг лидер од опозијцата преку блокадите со свеќи, нови идеи тогаш ќе поверував се. Некој со нов глас. Нови зборови. Нови визии. Сега ништо. Истата стара песна. Тета, ништо не ми е јасно.
А, оној чичконо кој што е сега на власт. Не знам и за него што да помислам. Позитивно или негативно. Лево, десно се прави, работи низ Македонија, тој да победи на изборите. Тоа треба да се почитува. Има мандат. Нели парламентот е куќата на демократијата. Нели во демократија има коалиција и опозиција. Таа е цела игра. Тепачки во парламент ни се познати слики мајмунски од скапани банана републики. Новинарите да немаат веднаш право да снимаат. Опасна страшна работа. Обезбедувачи во цивилно ги режираат да го напуштаат парлементот. Тоа изгледа Белоруски, Северно Кореански. Тета што се случува со народот!? Сите се лоши. Безобразни. Секој еден му е крив на секого. Од двете страни. Народот пати, во мизерен живот. Нема разлика. Дали си гласал за плавите или за црвените. Нели така е веќе последните 21 година. Кој и да е на власт.
Да, доста многу работи одат напред, успешно и има доста позитивни случки. Не е секој еден крив за тоа што се случува и за негативната слика и проблемите во Македонија. Да бидиме искрени. Секој еден се толерира каков што е. Се е исплеткано. Се му тече на голем дел од народот како што му одговара. Специфично на тие што си имаат се наместено за себе и својот мал круг. Се е исполитизирано со СДСМ-донија, ВМРО-донија, ДУИ-анија. Се и секој еден е зависен од некого и нешто. Тука е голем дел од целиот проблем. Иако не сакаме тоа да го признаеме. Сите знаеме во нашиот личен круг едноставно се како е. Да не ја негираме вистината. Во Македонија се е нестабилно, изградено како куќа од карти. Во секој момент може се да се уништи. Политички, мултиетнички, економски и пријателски. Се од немање одговорност. И индивидуализам. Во различни институции, јавни установи нема добра организација, има голема љубомора, нема почит ниту нормални односи ако едноставно сакаш нешто нормално да средиш или да прашаш. Се е напнато. Нема респект на улица, нема култура кај голем дел од младите, има глупости и неслога помеѓу возрасните. Тежок психички живот. Политиката е крива за се. Веќе е претерано. Таа поларизација е влезена како ген во коските од народот.
Покрај сите спомнати глупости ги забораваме сите убавини во цела Македонија. Во каков рај сме родени. И во какво богатство живееме. Само не сме свесни. Зафатени сме 24 часа со плитки политички глупости. Во Македонија во моментов нема херои, нема победници. Сите сме губитници. Во Македонија џабе некој политичар го прашуваш кој правец да фатиш затоа што голем дел од нив го изгубија правецот на свој начин.
Но јас сум оптимист! Се ќе биде подобро. Сега преку Youtube ќе си ја пуштам музиката од Френк Синатра: “New York, News York”. Како што пее тој за неговиот омилен град, така јас си замислувам и сонувам за Охрид. Добивам енергија и нова сила за 2013 година. Те молам, слушни ја.
Тета, Среќна Нова година. На здравје, со топол чај.
Поздрав
Влатко од Амстердам
*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.