Драги мои, дискурсот на прашања  кои се наметнуваа околу опстанокот на етничката заедница на Египќаните, оспоруван по странична линија, преку т.н “матрица на идентитетот“ во кои спаѓаат јазикот, обичаите, културата и слично, па преку некорекното вмешување на верата и припадноста или неприпадноста на Египѓаните во или надвор од Исламот, што по мое мислење, е длабоко навлегување во основните права и слободи на граѓанинот, па и нивно , ако сакате, дирекно кршење, до конечно перманентното и агресивно „ромско лоби“ за целосно искоренување на ова автохтона и лојална етничка заедница, месец октомври, 2011 година, се случи феноменот „Револуција на Египќаните“.

Да одиме редоследно.

рво Се оджра, сега веќе поништениот Попис на населението и домаќинствата во Република Македонија. Сите „потајно“ се надеваа на целосно потопување на автохтоната заедница на Египканите. Многу објективни и субјективни околности ја потхрануваа таа лажна надеж на квазипатриотите и отворените асимилаторски лоби групи. Попишувачите Египќани, покажаа невидена пожртвуваност, истрајност, достојност, и лојалност кон етникумот на кој припагаат. Народот, Египќаните, демонстрираа невидена желба да се произнесат тоа што всушност и се и конечно се поставува прашањето на што се должи сето тоа?

Без разлика на идеолошките и политички гледишта, кога се работи за националните интереси сметав дека треба да седнеш и да се согласиш и обединуваш и со твојот неистомисленик. На тој начин, заедно со проф др Рубин Земон, и другите активисти, се обединивме, и до последно место го исполнивме Домот на Културата „Григор Прличев“ во Охрид, од каде испративме јасна порака дека сега не смееме да потфрлиме. Свесно или потссесно, го фаворизиравме т.н концепт на националромантизам, што на крајот покажа солиден резултат. Во мегувреме, по предлог на Иницијативниот Одбор за изградба на спомен обележје на споменикот на Изида чиј претседател е авторот на овој текст, Советот на општина Охрид донесе одлука за изградба на спомен обележје на божицата Изида во Охрид.

Гласаа и советниците на СДСМ и на ВМРО ДПМНЕ, за што им должиме искрена благодарност. Охрид покажа и докажа дека со добра волја, можат да опстанат мултиетничките општества. Во ова насока морам да ја потенцирам и поддршката од сите медиуми во Охрид, од новинарите, наши драги пријатели и од многумина сограќани. Египќаните докажаа дека се тврд орев и дека со нив нема пазарење кога се работи за опстанокот на етничката заедница. Маката, трудот, заканите, омаловажувањата, непријателите, сите се забораваат во мигот кога ќе почуствуваш де ка си морален победник, дека си дал скромен придонес да се спаси заедницата на која припаќаш. Тоа чувство, едноставно не се опишува со зборови, тоа се доживува, како што сите ние доживуваме среќни и горди мигови со нашата кошаркарска репрезентација, со Одлуката на судот во Хаг, сакам тоа да го доживеам и наредната 2012 година, кога ќе ја гледам мојата татковина Република Македонија интегрирана во НАТО И ЕУ, под Уставното име, кога Египќаните ќе бидат спомнати во Преамбулата, и кога едноставно сите ќе бидеме и посреќни и порадосни во новата 2012 година, рамноправни и еднакви, хумани, и со взаемно почитување.

Со почит,
Демир Далип
Предводник на десното крило на Сојуз на Египкани на Македонија.

* Ставовите изнесени во рубриката
Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси
одоговорност за содржината на истите.