ВО ПРЕДВЕЧЕРИЕТО НА МНОГУ ВАЖНИ НАСТАНИ КОИ ШТО ЈА ОЧЕКУВААТ НАШАТА НАЦИЈА И НАШИОТНАРОД, КАКО ПРОМЕНАТА НА ИМЕТО, ВЛЕЗОТ ВО НАТО, ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ, ЗА ЖАЛ ЌЕ МОРАМЕ ДА СЕ НАВРАТИМЕ И НА ЕДНА МНОГУ СТАРА ТЕМА И ДИЛЕМА А ТОА Е ЗОШТО ОХРИЃАНИ ГИ МРАЗАТ СКОПЈАНИ. ОДНОСНО ЗОШТО И ДЕНЕС СЕ СЛУЧУВААТ НЕШТА ОД КОИ ШТО ПОВЕЌЕТО ОД НАС СЕ ЗГРОЗУВАМЕ И НЕ МОЖЕМЕ ДА СИ ДАДЕМЕ ОДГОВОР.

КАКО РОДИТЕЛ НА ТИНЕЈЏЕЈ КОЈ ШТО БЕШЕ БРУТАЛНО НАПАДНАТ И ИСТЕПАН ОД ПОГОЛЕМА ГРУПА МАЛОЛЕТНИЦИ ВО ВЕЧЕРНИТЕ ЧАСОВИ ВО НЕДЕЛАТА НА 27.04.2008 НА ПРВИОТ ДЕН НА НАШИОТ ГОЛЕМ ХРИСТИЈАНСКИ ПРАЗНИК ВЕЛИГДЕН И ТОА ВО ЦЕНТАРОТ НА НАШИОТ ЦЕНТАР НА ПРАВОСЛАВИЕТО-ОХРИД, МЕ ДОВЕДЕ ДО ПОТРЕБА ДА ИМ СЕ ОБРАТАМ ДО СИТЕ ОХРИЃАНИ, КАКО И ДО НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ОДГОВОРНИ ЗА РЕДОТ И БЕЗБЕДНОСТА ВО ОВОЈ НАШ ГРАД-БИСЕР А ПОСЕБНО И ДО РОДИТЕЛИТЕ И СОГРАЃАНИТЕ НА ТИЕ МЛАДИ НАСИЛНИЦИ.

КАКО ПРВО САКАМ ДА ДАДАМ ОПИС НА СЛУЧКАТА КОЈА ТОЛКУ НЕ РАСТРЕВОЖИ И НЕ ДОВЕДЕ ДО СОСТОЈБА НА ОЧАЈ И БЕС И КОЈ ШТО НАСТАН НЕ ИСПРОВОЦИРА ДА СЕ ЗАПРАШАМЕ ВО КОЈ ТОА ПРАВЕЦ ОДИМЕ СИТЕ НИЕ А ОСОБЕНО НАШИТЕ ДЕЦА И МЛАДИНЦИ. ВЕЧЕРТА НЕКАДЕ ПОСЛЕ ПОЛНОЌ ОТКАКО МОЈОТ СИН ЗАЕДНО СО НЕГОВИОТ ДРУГАР ОД УЧИЛИШТЕ ИЗЛЕГЛЕ ОД ЕДНО ОД ПОЗНАТИТЕ КАФУЛИЊА ВО ОХРИД И СЕ УПАТИЛЕ КОН СВОИТЕ ДОМОВИ ГИ ПРЕСРЕТНАЛА ПОГОЛЕМА ГРУПА НА МАЛОЛЕТНИЦИ СПРЕМНА ЗА ПРОВОКАЦИЈА И ТЕПАЧКА. ИНТЕРЕСНО И ЗА МОИ СФАЌАЊА ТЕШКО РАЗБИРЛИВО Е ШТО ОВИЕ НАСИЛНИЦИ ИНАЧЕ И СОЛИДНО ВООРУЖЕНИ СО МЕТАЛНИ ШИПКИ И ОСТАНАТИ ПРЕДМЕТИ БЕЗ НОКАКОВ ПОВОД И ПОСЕБНА ПРИЧИНА СЕ НАФРЛИЛА НА ДЕЦАТА. ЗАМИСЛЕТЕСИ ГО НАЈГОЛЕМИОТ АПСУРД, НАПАДНАТИ СЕ НЕ ЗАРАДИ МАТЕРИЈАНА ПРИЧИНА, НЕ ЗА ДА БИДАТ ОГРАБЕНИ, НИТУ ПАК ПОРАДИ ПРОВОКАЦИЈА ОД БИЛО КАКОВ ВИД, ТУКУ САМО ЗАТОА ШТО НАШИТЕ ДЕЦА БИЛЕ СКОПЈАНИ. ЗАМИСЛЕТЕ СИ, НЕ ЗАТОА ШТО БИЛЕ БУГАРИ, ГРЦИ ИЛИ НЕКОЈ СИ ОД СПРОТИВНАТА ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА, ТУКУ САМО ЗАТОА ШТО БИЛЕ СКОПЈАНИ.    ДЕЦАТА БИЛЕ НАПАДНАТИ ЗАТОА ШТО ПОМЕЃУ СЕБЕ СИ ЗБОРУВАЛЕ ПО СКОПСКИ, СО ПОГРДНИТЕ ИЗВИЦИ:  СКОПСКИ П..КИ, СКОПСКИ П…РИ, ТОЛКУ БРУТАЛНО ИМ СЕ НАФРЛИЛЕ ШТО КАКО ПОСЛЕДИЦА НА ТОЈ НАПАД МОЕТО ДЕТЕ ВЕЧЕРТА ЗАВРШИ ВО ОХРИДСКАТА БОЛНИЦА НА ХИРУРШКОТО ОДДЕЛЕНИЕ.

ОХРИЃАНИ; РОДИТЕЛИ НА ОВИЕ ДЕЦА НАПАЃАЧИ; УЧИТЕЛИ И ВОСПИТУВАЧИ; ТУРИСТИЧКИ И УГОСТИТЕЛСКИ РАБОТНИЦИ И ОСТАНАТИ МЕДИУМИ И ИНСТИТУЦИИ, КАКО НЕШТО СЕРИОЗНО ДА СТЕ ПОГРЕШИЛЕ ВО ЕДУКАЦИЈАТА И ОБРАЗОВАНИЕТО НА ВАШИТЕ МЛАДИ СОГРАЃАНИ.  ОБРСКА ВИ БЕШЕ ДА ГИ НАУЧИТЕ ДА МОЖАТ ДА ГИ РАЗЛИКУВААТ КОИ ИМ СЕ НЕПРИЈАТЕЛИТЕ А КОИ ПРИЈАТЕЛИТЕ; ОБВРСКА ВИ БЕШЕ ДА ГИ НАУЧИТЕ ДА МОЖАТ ДА РАЗЛИКУВААТ ШТО Е СВЕТО И ШТО Е ТОА ШТО МОРА ДА СЕ БРАНИ ДУРИ И СО УПОТРЕБА НА СИЛА; ИСТО ДА ГИ НАУЧИТЕ КОИ СЕ СКОПЈАНИТЕ И КАКВА ТОА ОПАСНОСТ ВИДОА ВО НАШИТЕ ДЕЦА; ЗОШТО НЕ ИМ КАЖАВТЕ НА ВАШИТЕ МЛАДИ СОГРАЃАНИ ДЕКА СКОПЈАНИТЕ И ОХРИЃАНИТЕ ГИ МАЧАТ ИСТИТЕ МАКИ, ДЕКА СЕ РАДУВААТ НА ИСТИТЕ ПОБЕДИ И ДЕКА ТАГУВААТ ЗАЕДНО ЗА ИСТИТЕ ГУБИТОЦИ. ЗАШТО НЕ ИМ КАЖУВАТЕ ДЕКА СКОПЈАНИТЕ НЕ ИМ СЕ НИВНИ НЕПРИЈАТЕЛИ ДЕКА СКОПЈАНИТЕ НЕ САКААТ ДА ИМ ГО СМЕНАТ ИМЕТО, ДА ИМ ЈА ОДЗЕМАТ ТЕРИТОРИЈАТА, ДА ГИ ПОНИЖАТ ИЛИ ОБЕСПОКОЈАТ. НАПРОТИВ, СКОПЈАНИТЕ ТРАДИЦИОНАЛНО СЕ ПИТОМИ И КРОТКИ ПО ПРИРОДА, САКААТ ДА ГИ СПОДЕЛАТ РАДОСТИТЕ И ТАГИТЕ ЗАЕДНО СО БИЛО КОЈ ЖИТЕЛ НА ОВАА МАЛА НО ГОРДА РЕПУБЛИКА, САМО ТРЕБА ДА ИМЕ СЕ ДАДЕ МАЛА ШАНСА. ЗАТОА ПОТРУДЕТЕ СЕ ДА НЕ ГИ ИЗГУБИТЕ, ЗАТОА ШТО ЗА ТОА НЕКОЈ ДРУГ МНОГУ КЕ СЕ РАДУВА. НЕМОЈТЕ ДА ДОЗВОЛИТЕ ТРУДОТ НА ГОЛЕМ БРОЈ  УГОСТИТЕЛИ, ХОТЕЛИЕРИ И ОСТАНАТИ ТУРИСТИЧКИ РАБОТНИЦИ ДА БИДЕ ЗАЛУДЕН, ЗАТОА ШТО НЕ САМО ЈАС ТУКУ СЕГА И МНОГУ НАШИ ПРИЈАТЕЛИ СО ГОЛЕМА РЕЗЕРВА ЌЕ СИ ГО ПОСТАВАТ ПРАШАЊЕТО ДАЛИ ОХРИД Е МЕСТОТО КАДЕ ТРЕБА НАШИТЕ ДЕЦА ДА ГО МИНУВААТ  НИВНИОТ ОДМОР, СЛОБОДНИОТ ВИКЕНД ИЛИ СЛЕДНИОТ ПРАЗНИК.

ЗАГРИЖЕН СКОПЈАНЕЦ

Реакција: За Охрид е срамно секое хулиганство !
http://www.ohridnews.com/index.php?mod=1&kat=4&id=4828

Важно:

Редакцијата на ohridnews.com не се согласува со сите изнесени ставови и мислења на авторите на текстовите кои се објавуваат во рубриката писма. Ставовите изнесени во рубриката Ваши ПИСМА се ставови на авторите и редакцијата на ohridnews.com не сноси одговорност за изнесеното во текстовите. Редакцијата во текстовите на читателите врши само корекции кои не ја менуваат содржината.

Од редакцијата.