Имено, Охрид – како туристичка дестинација не само што ќе тоне туку во догледно време и ќе изумре, однодно ќе се сведе на локален викенд односно дваесетдневен летен туризам. За да се поткрепе оваа моја констатација неопходно е реално согледување на состојбите во оваа област и што поскоро делување во тоја правец.
1. Во Охрид нема ниедно (реално) туристичко биро кое ќе ги застапува интересите и потребите (обврзно) на гостите кои престојуваат во Охрид.
2. Нема професионален и стручен кадар од оваа област (со минимални исклучоци) кој се аоѓа на работни места каде што ќе може да се креира политиката за развој на ОТУ (Охридски туризам и угостителство).
3. Расцепканоста на соопственоста на ОТУ, иако постојата Асоциации за Хотелиерство и Агенции – тие се воопшто немочни да е креираат политиката на ОТУ.
4. Немање на ВИЗИЈА И ИДЕА (долгорочен план) во кој правец како и за за кој видови на гости да се развива односно промовира Охрид како Туристичка дестинација.
5. Немање ПРИЧИНА на потенцијалните гости за посета на Охрид, односно немање на адекватна и сеопфатна понуда АРАНЖМАН – се е сведено на индивидуални и кампањски понуди.
6. Слабата и скоро никаква Понуда на аранжмани од нашите, домашните Туристички Агенции на Охрид, од проста причина што нивното работење е сведено на Иницијативен туризам (кој ствара повеќе доход) за сметка на Рецептивниот туризам – кој што е доста покомплексен за сервисирање на гостите (и ствара многу помал доход за Агенциите).
Како би се надминале овие (како основни проблеми според мене) неопходно е да се дејствува тие да се отстранат. Отстранувањето би било исклучиво на ниско профитна или непрофитна основа (во првите години), се со цел да се повторно заживее и омасови посетеноста на Охрид како во квалитет така и во квантитет на гости. Не треба, да се издвојуваат субвенции (субвенциите се огромен директен трошок и се економски неоправдани – односно субвенциите се прелевање на доходот од една ставка во друга и на крај – празен кош). Не треба плаќање на скапи реклами по светските електронски и печатени медиуми – потребно е правилно и рационално користење на тие средства за остварување на посети на Туристички саеми и берзи о директно поврзување со тие луѓе, поврзување со Светските тур-оператори на економска а не на декларативни посети, стварање на долгорочен план за развој на ОТУ и секако користење на човечките и природните ресурси на Охрид за општ и долгорочен интерес.
Износот кој го има предложено Градоначалникот и усвоено советот околу 330.000,оо ЕУР е сосема доволен за рационално негово искористување, но се наметнува сомнежот од предходните години Како ќе се потроши? Некој ќе рече Охрид е скап – јас на тие ќе им одговорам не прошетале и не виделе. Охрид е скап во делот на хотелското сместување, пансион, полупансион итн. но прашањето е Зошто? – затоа што работат кампањски и од ден за ден, како и тоа дека имаат огромни режиски трошкови, како и превисок ДДВ и останати давачки спрема државата. За тие кои велат дека Охрид е скап во Задар едно пиво е 3,5 ЕУР во Охрид 1.15 ЕУР. Не е до цената Охрид има релативно најниски цени во опкружувањево и пошироко, проблемот е ШТО и колку му даваш на гостинот за таа цена – бидејќи посетителите (нивното задоволство или незадоволство) се геометриска прогресивна бесплатна реклама односно антиреклама за идните евентуални гости или за нивното повторно доаѓање во Охрид. Токму таа диспропорција помеѓу обеќаното и даденото доведува да Охрид не само да стагнира туку и да тоне во наведената област. Или народски кажано се ЛАЖЕ.
Не треба стварање производ, (како некој таленти милуваат да кажат), потребно е да се ствараат АРАНЖМАНИ (со комплетна исполнетост за време на нивниот престој. пр. во Германија или Швајцарија има безброј езера слични на Охридсково), аранжмани кои ќе ја искористат местоположбата на Охрид, културно историското значење, соседството – до Тирана 160 км, до Солун 250 км. итн. Аранжман ТРИ ДРЖАВИ итн. Господа „компетентни“ треба стварање ПРИЧИНА за потенцијалните гости да го купат нашиот Аранжман. А аранжманите и комплетните понуди (бидејќи ако? не сте знаеле туризмот е многу комплексна гранка, која не е во можност ни една Локална агенција да сериозно ги ствара и сервисира тие Аранжмани). Значи на Охрид му е потребен ЛОКАЛЕН ТУРОПЕРАТОР – кој ќе ги обедини сите погоренаведени фактички состојби, Оператор кој ќе има Облигациона (обврзна основа), како за домашните така и за странските субјекти, Оператор кој ќе има право да преговара и договара, Оператор кој ќе ги застапува сеопштите интереси на субјектите без разлика дали се мали и големи. Оператор кој ќе може да ставра АРАНЖМАНИ и истите ги сервисира. Таков тип на ЛОКАЛЕН ТУРОПЕРАТОР кој ќе делува обединувачки, може во оваа фаза да направи исклучиво Локалната самоуправа , бидејќи потребни се доста средства кој во прва фаза треба да се вложат (тоа не би можел приватен инвеститор да го направи), не толку поради вложување на средства туку од причина што не ќе може да створи Обврзувачки однос спрема домашните субјеки, и секако за него доходот ќе е најважен фактор. Додека на овој Локален тур оператор би му било важна Комплетната понуда и презентација на Охрид на база непрофитна основа и Облигациона основа. Имајќи го во вид третирањето на оваа област: од Вашиот медиум (сеопфатна и зачестена), од други медиуми, од луѓе со кои контактирам – нивната и мојата загриженост, како и од Локалната самоуправа, односно од градоначалникот на мислење сум дека е неопходно под итно да се превземат конкретни мерки како Охрид не би доживеал КОЛАПС во наредниве години, во областа на туризмот и угостителството.
Со почит
Пулески Никола