Едно утро во јуни. Околу 8.30 часот….. Станувам од спиење. Сакам да си направам кафе, чај, да одам до WC, да се истусширам, да си ги измијам забиве. Да си го искапам бебенцето. Ама немат капење, немат пиење вода, не може да се оди во WC, не може да се освежи бебето. Катастрофа!!!! Како во Африка да сме.

Сум бил пред 5 години во Африка. Видов беда. Оваа охридска приказна да им ја пренесам на африканци ќе се чудат. Нема да ме веруваат. Директно ќе прашуваат како е ова можно. Во град со големо езеро, со друго гранично езеро (Преспанско), со река (Дрим), со планиниски (гратис) извори, да нема вода??? И јас тоа веќе три дена сам
себе си се прашувам. Три дена оваа нервоза ја трпиме. Секое утро. Во населбата Лескајца, сигурно има и други населби со исти жалби. Се информиравме во Водовод, од каде ни рекоа дека имало дефект кај банкана. Три денА по ред? Па слушнале дека повеќе луѓе се жалеле. Е до кога вака? Не знаеме, господине.


 Охрид е прекрасен град, бисерот на Балканот, гордоста на Македонија. Цел град ја очекува нестрпливо летната сезона. Сите детали во градот се завршуваат. Сите што се зафатени со промоција на градот и очекуваат топ сезона. Охрид преку различни канали се рекламира како убава дестинација. Милион зборови не се доволни за да зборуваме и да го пофалиме Охрид. Но, реалноста е дека на градот од вода нема вода за граѓаните. Ова е срамота, невозможно. А чекаме туристи. Треба де се освестиме дека на гостите не можеме да им гарантираме вода. Ова  случка не е единствена, често се случува. Водата е универзално право на секој граѓанин на светов. Секој има право на вода. Годишно има секакви форуми и семинари по цел свет како да се води борбата за да имаме и следните векови вода.

Инаку ние се снајдовме примитивно. Што ќе правиме, со кофи вода. Морат……


Да, покрај сите убавини во Охрид и ова е Охрид. Не барам право, не сакам да испаднам паметен. Ама во име од сите охригјани (што се идентификуваат со овој проблем) ги повикувам сите во советот и градоначалникот и одговорните во Водовод да комуницираат повеќе со граѓаните  за овој редовен проблем (ако има некој дефект или поправки) и истиот да се реши. Ова не го заслужуваме!

Влатко Велјаноски

Ставовите изнесени во рубриката Ваши ПИСМА, не се ставови на редакцијата на „Ohridnews“ и таа не сноси одговорност за изнесеното во текстовите.

Од редакцијата