Огледалце, огледалце кое езеро е најубаво на светот?
Да бидеме реални. Со голем почит и респект кон цела Македонија, цела историја, култура, сите цркви, уметници, гастрномските специјалитети, ѕвездите, знамето, името, водителки, Елена, Александар, Мајка Тереза, Пандев, Тоше, Игор, К-15, Латас и Бранко ама Охридското Езеро е Македонија. Езерото е над сите партии. Во цел свет се рекламира Македонија со ова парче вода. Езерото е симбол и гордоста на државата. Но во овој критичен момент со сите природни, еколошки и политички проблеми се трудам од контра-страна да ја гледам ситуацијава: како би изгледал животот во Охрид без езеро?
Апсолутно невозможно. Охрид без езеро!
Охрид како град со само четири семафори
Еден супермаркет
Пет кафиќи
Три банки
Две мали обложувалници
Неколку сендвичари
И без езеро
Охрид како анонимен, на поминување, едноставен град
Како Македонски Брод
Кичево
Ресен
Делчево
Штип
Охрид без кафенце покрај езеро
Без првата љубовна прошетка покрај езеро
Охрид без ручеци и шармантни напади од Фуере
Охрид без љубезни активности и поддршка од Холандската амбасадорка
Охрид без жолто ламборџини на плоштад
Без Скопјанки
Штипјанки
Битолчанки
Езерото е полно со приказни
Езерото е наше огледало
И пред 5 години езерото беше луто
Таа ноќ исто ни го плесна
Низ сите црни трски видов покрај кејот една влечка
Пластични кесиња
Динамокајш од кола
Цуцла
И уште 25 други работи
Охрид без езеро
За што ќе пејт Петар Нечоски по свадби, веселби и на концерти?
Ееј Охриде мој, Охриде мој….
Замисли да не би постоела Лихнида кајче веслаше…
Или хитот над хитовите
Билјана платно белеше….
Не
Не можам да поверувам Охрид да нема езеро
Во цел полтички хаос е време за нова политичка партија во Охрид.
Партија со само една цел
Друго ништо
Јасно и едноставно за сите
Без финти
Без лажни ветувања
Партија за сите Охриѓани
Партија која се грижи за најголемото богатство на Македонија
За тоа што е од сите жители во Македонија
Партија за заштита на езерото
Во широка смисла на зборот
Во овој момент ја промовирам новата партија ПЗЕ
ПАРТИЈА ЗА ЕЗЕРОТО
Copyright – сите права се задржани!
Јас мислам дека во цел хаос е време за ново Македонско/Албанско здружение. Езерска бригада, со нон-стоп служба. Со само една тема Здружение које се бори за заштита на езерото. Во широка смисла на зборот. Со фондации од Европската унија.
И драг господине Петрески кога ќе се вратите од Австралија, искрено не е лошо што побрзо да ја посетите Холандија!. Холандија (Низоземска) се бори вечно против силата на водата. Во Холандија има многу експерти за борба против поплави. Верувам дека можете да добиете доволно совети околу насипи, напади од вода и кој варијанти постојат за ресшвање водни проблеми. Во провинцијата Зееланд има огромна брана на море, таа е гордоста на Холандија. На 31 јануари 1953 година во Зееланд имаше поплави, 1800 жртви и 100.000 жители останаа без домови. Холандската влада после ова трагедија направи огромна брана во море: Deltawerekn, со цел таа трагедија никогаш да не се повтори. Заштита за народот, државата и животните. Кога во Америка во 2005 година беснееше ураганот Катрина, Американците им бараа совети на Холанѓаните. И скоро сите Американски тв-канали ги посетија тие Deltawerekn. Во провинцијата Noord Holand има автопат во езеро, од 32 километри, кој ја поврзува со провинцијата Friesland. А целта на овај пат,од 1927 година, е водата од морето да не се поврзува со езерото и да се заштити земјиштето. Со секакви чуда функционира се.
Поздрав во овие тешки времиња
Од Амстердам,
Влатко