Неодамна беше кажано дека е познато лицето што ограбува и не знам дали се презеде нешто во врска со истото. Но, крадењето и натаму продолжува. Кога ќе ви снема 3 работи во рок од 1 месец тогаш ситуацијата е алармантна. Прашање е само по какви „критериуми“ ги бираат „жртвите“ и кој стои зад сето тоа. Мислам дека е крајно време надлежните од Гимназијата да преземат мерки за да се спречи повторувањето на овие криминални деанија или ако навистина има потреба од собирање доброволен прилог за некои деца тогаш тоа да се направи на пристоен начин и како што е редот. Искрено и покрај тесшкиве услови и беспарицата малку е веројатно дека мотив е ова второво, зошто кога човек поминува на голем одмор покрај оваа зграда која до пред 20-тина години беше поим за квалитетно образование и воспитание на подмладокот, веднаш воочува дека денешниов подмладок се расфрла со мобилни, i-Pod-и ,скутерчиња па дури и ганц нови автомобили паркирани токму таму пред влезот, а да не зборуваме за кутиите „davidoff“ и златните ланци што им звецкаат на рацете и вратот, обетките и обетчињата што ги носат и машки и женски) и да не наведувам други детали од единствената слика која колку и да сте современ не е за одобрување. Истата се коси со претходно споменатата реалност – Па имаат или немаат денешниве младинци? Каде е свеста: и на родителите и на институциите и на општеството во целина? За децата да не зборуваме, нели тие сепак се „деца“ (наши, ваши, сечии, ничии) и тука доаѓаат да учат. Ама дали е така? Секој би требало да се преиспита и да размисли дали ако го игнорира проблемов утре не ќе е евентуалната жртва тој.
Со почит, Туне
*Ставовите изнесени во оваа рубрика се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.