Ако сте несигурни на 22 март, гласајате за мене!

Јас сакам сериозно, искрено, чесно, од срце, поштено, правилно, неутрално, објективно рамноправно, сум во план да средам, да направам,сакам да ветувам, тоа што мислам „МОЖДА НЕКОГАШ“ да го реализирам за вас……..
Мислам дека се разбираме.

Јас ќе ги пречекувам лично сите туристи на влезот од Охрид. Секој ден, цела летна сезона. Сакам сите туристи да ги знам по име. Јас ќе го вратам по кафичите традиционалното турско кафе. Јас сите асфалтирани улици повторно ќе ги асфалтирам!

Јас ќе отворам во Охрид фабрика за сокови од лубеници. Јас супермаркетон …..  ќе го прекрстам во „Охридска Трговија“.Јас ќе ве направам да сте горди ако се возите во градски автобус. Под мој мандат Калиопи конечно во иднина мора да учестува на Евровизија. Што сака нека биде!

Тој што има „Застава“ возило не треба да плати за регистрација. Тој трошок јас ќе го покријам. Јас од Флорида ке донесам 15 долфини. За нова туристичка атракција: пливање со делфини.

Утре два сати!!!, можеби и пола сат екстра, некаде во Охрид ќе се грижам за
екологијава и зеленилото.

Јас ќе изградам дом за кучина. Јас ќе го откупам албанскиот дел од Охридсково Езеро. Хотел Палас ќе се реновира. Ќе биде ланец од најскапиот хотел во светот: „President Wilson hotel“, во Женева. Таму една луксузна соба е 23.000 долари на вечер. На овој начин ќе ги привлечеме елитните туристи во Охрид.

Не се работи во ова тешко време и последниве 18 години за:

Страшни, нервозни авантури со бебешки колички низ блокирани улици и тротоари со коли.
Модерна автобуска.
Солидна, безбедна „Железничка“.
Нови, средени, медицински центри.
Паркинг.
Лоши улици.
Развој и проширување на образованието,
Казнување на уништувачите на градот.
Корупција.
Сиромаштија.
Сигурност, вработување……..
Не-осигурани работници.
Не реални газди.
Прекршување на закони.
Инвестиции во нови спортски објекти и терени во цел регион.
За интеграција, дружење, развој и здравје на жителите од охридска околина.

Драги граѓани,

Секогаш од 2000 метри висина моите очи удираат печат во најважната македонска визит картичка. Во една голема флека вода, во зеленилото од планините и во секакви различни мали точки од градот. Во авионско седиште се запознаваш со вистинскиот Охрид и скапата вредност. Прекрасен, пријатен, мирен, чист поглед. Неопислив град. Секогаш во ова кратка телескопска атмосфера (чао Охрид се гледаме следниот пат….) ќе си речиш: како би изгледал Охрид без езеро?
И како би бил тогаш животот во Охрид.

Затоа: 100% за Охрид.
Денес официјално е регистрирана новата виртуална локална партија: 100% за Охрид!
Сакаме се најдобро за Охрид. Охрид е од сите, и за сите охриѓани. Вие сите ќе сте виртуални, компјутерски советници.
Време е за нов спектакуларен чекор – за современ Охрид. Иначе збогум мајка.
Со Господ напред и само здравје.

Влатко де Вриеж – Холандија


Важно:
Ставовите изнесени во рубриката Ваши ПИСМА, не се ставови на редакцијата на ohridnews.com и таа не сноси одговорност за изнесеното во текстовите.

Од редакцијата