Ехото на болката уште одекнува во градите..Навираат спомените..а по нив доаѓаат солзите. Степенот на нашата идентификација со Тоше е бескраен…заради песната заради хуманоста заради подареното заради направеното.,,,,И заради најубавата насмевка што некогаш го греела светот…
Денес, на 25 јануари, во име на раѓањето на Тоше да се надеваме на нов почеток, на нова светлина во нашите животи…да му оддадеме почит на Ангелот кој безгранично ја сакаше својата земја, семејството и песната. И да се обидеме засекогаш да го зачуваме жив во срцата…
Ти, ЗЛАТНО ЖОЛТО СОНЦЕ, кое си почеток и крај на се` што е наша приказна, наше вчера, денес и утре…
Тебе, Ангелу , ти ги даваме сите македонски зори, па наутро да ни зазоруваш, да се разденуваш..
и утрата, во нив со песна да не разбудуваш,
и птиците наши безбројни за да ги натпејуваш ,
за тебе се сите бистри извори, од нив душата да си ја напоиш,
сите езера да ги препливаш, сите гори да ги прошеташ,
сета божја убавина во гради да ја понесеш,
ти ги даваме сите вишни планини, па до врвовите да се извишуваш,
и секој ден сонце светло да не осветлуваш , и
приквечер во месечина да се претвораш та после
небо зѕездено да ни подаруваш и
ѕвездо најсјајна …
насмевка прати , ќе ти се смееме
пушти ни глас, ќе ти пееме
вечно со тебе ќе се гордееме и засекогаш
погледот кон небото че ни лута, кон ЗЛАТНО ЖОЛТОТО СОНЦЕ
Вера, Охрид