Во Охрид очигледно ова лето се случува нешто во туризмот. Меѓутоа има нешто што ги лути туристите, а и нас охриѓани. Никако не може да се спроведе ред и дисциплина во однос на приватното сместување. Откако знам со овој проблем започнува и завршува летото.

Доаѓаат, најчесто во групи, малолетни туристи кои со цените за сместување немаат проблем. Истите, во случај да не можат да се спогодат со приватните станоиздавачи  преноќиште  наоѓаат на новите плажи (3 евра ноќевање).

Токму затоа и треба да се запрашаме дали сакаме да развиваме туризам или ќе ги следиме „модерните“ текови ?

Пере Ристески