Неможев да поверувам, ех, си викам, извини пријателе, Манески денеска искажувал став на локалната администрација, по службена должност. Електронскиот сервис е затворен за посетителите – добронамерници, деновиве алтернатива нема, кој сака да го види Охрид во вистинско светло ќе почека да се смират страстите, да се седне да се разговара (затоа што кај нас за се се разговара и преговара), портпаролот да добие друга службена наредба, да пишува и за други работи, поубави, поопштински, на крајот на краиштата непартиски, па охридското СДСМ нека си отвори своја електронска страница (можеби и има, да не грешам душа), деновиве тоа и не е така скапо и невообичаено, или нека се користат локалните електронски медиуми кои ги имаме во доволен број, само не вака и не на ова место.
Ех драг мој Манески, некогаш младите новинари учеа од тебе. Со твоето искуство и добро искажаната мисла си куртулил, промовирал, кандидирал, да не речам извадил од литературната кал многу значајни ликови околу нас, уште од Застава, Отекс, АГП, Амак СП…, од овој, од кандидатот, од претходниот и од претходниот градоначалник. Со неверување прифаќам како што кажа дека овие текстови и избор на фотографии се за објективно известување на јавноста, но јавноста не е само овде кај нас, страницата се чита во цел свет. Охрид е светско богатство, Охрид е отворена сцена сам по себе, не му местите на градот она што не е, не грдете ми го градот со евтина пропаганда, кренете ја главата повисоко од вашите колена и работете си ја чесно работата за која сте платени. Тогаш и само тогаш, делата ќе зборуваат, тогаш и само тогаш, вистинската слика ќе кажува илјада зборови, а дотогаш …