Иако имам само 14 години и сите ме гледаат како несериозен тинејџер, пред мене во овој момент се поставуваат многу прашања и дилеми во врска со мојот понатамошен живот. Решив јавно да го изнесам мојот став, можеби по малце и револт со кој верувам дека ќе се согласат сите мои врсници. Нашето секојдневие го сочинуваат некакви ветувања за подобро утре. Ај да видиме шо е најдобро за нас, без да плукаме по ниту една политичка партија, без да гледаме од страната како што им одговара на оние горе.. Да погледнеме од реалната страна! Добро бе мајкуму, во ред ли е ова? Целата материја која ја учиме квартално, да се испитува на крај година цела? Зошто да не ни влегува во оценката нашата активност на час, нашата посветеност кон предметот, проекти, домашни итн…

Можеби некој ќе рече: Ова не им одговара на учениците што се научени да добиваат подарени оцени, а исто така и на професорите кои не си ја извршуваат својата  работа. Ќе ги побијам  ваквите мислења и грди навредливи зборови кон нас и кон нашите наставници кои несебично се вложија во нас. Целта на екстерното е да се оцени објективноста и некорумпираноста на професорите? Преку нас ли треба да им се оцени објективноста? Децата па и родителите се научија да бараат само петки, како да се тие единствени оценки, заради критериумот за упишување во средното образование.. Таму е проблемот… Зошто за упис да се бараат петки? Зошто да не се бара знаење? Нека ни дадат еден уписен тест и готово.. После.. Колку што сум јас запознаена со ситуацијава, на професорите им делеа совети од стручните во министерство, да не оценуваат како целосен карактер и ученик.. Шо потреба јас да седам мирна на час и да бидам активна, правејќи проекти и пишување домашни задачи? Ќе си лудувам на час, нема да ми влијае на оценка, дома ќе си ги учам лекциите и на крајот екстерни ќе полагам! Треба некој од кабинетот на министерот да се заинтересира за структурата на човечкиот мозок и меморија. По 13 предмети јас треба се да знам? Во септември,  кога ме оценувал наставникот за дадената материја, сум ја знаела. Како може таа материја јас да ја знам за петка, после 8 месеци поминати?Факт е дека материјалот што се учи во Македонија е преобемен. Учениците учат работи кои нема да им се потребни никогаш повеќе во животот, ни на квиз нема да најдеш прашање што е олигосахарид.Сакаат да го зголемат стандардот на образованието, првин треба да се направат адекватни учебници, професорите да се обучат за работа на компјутер, дури потоа кога ќе се учат 3-4 предмети кои навистина ќе ти требаат понатаму во животот е тогаш дури треба да се воведат овие тестови, кои нема да звучат така страшно. Тоа е проблемот во нашава Македонија, никој не сака да почне од почеток, сите мислат дека ако прескокнат неколку чекори, се ќе биде добро.. Е, нема да биде.Не е тешко да се пребара по интернет и да се најдат неправилности во целава ситуација.

Член 14 од Правилникот за ектстерно оценување:

Учениците најдоцна еден месец пред започнувањето на проверувањето се запознаваат со постапките за екстерното проверување. Претседателот на училишната комисија се грижи за правилно и навремено информирање на учениците.

Сите кажаа, дури мислам дека и министерот даваше некаква изјава, дека во петокот, на 8ми Мај беа објавени конкретни информации за полагањето! Дајте бе мислете и на нас, не мора ние да сме експериментални глувчиња. Престанете со кажување: ,, добро,, и застанете во одбрана на својот интерес!Е, не .. Конформитистички ќе седиме и ќе им се умилкуваме на моќните! Затоа е опадната продажбата на лижавчиња во Македонија .

Катерина Петреска VIII1
О.У ,,Христо Узунов,, – Охрид

Важно:
Ставовите изнесени во рубриката Ваши ПИСМА, не се ставови на редакцијата на „Ohridnews“ и таа не сноси одговорност за изнесеното во текстовите.

Од редакцијата