Пуста македонштина. Од денес за утре си прајме се, т.е ни прает. Не е многу важно шо почнаја на сите државни работници да им ги намалвет платите, битно е дека Владава на Република Македонија , имат пари за бикој, шмизли, питачи и уште шо не на плоштад, имет пари да праќет луѓе со државни пари во бањи, имет пари за реклами по телевизии, имет пари за билборди со навредлива содржина, не е важно шо луѓево неможат да си приуштат да излезат на кафе, да ги видат сите тие бикој и шмизли и останато.

Пуста македонштина.  Ќе се испоколиме меѓу себе.  И после, ќе почнит да ни се распадвит државава. Па нормално дек ќе ни се распаднит, ко ни наложвет сценарио „раздели па владеј“.
 
Пуста македонштина и пуст македонски табиет. Лош табиет, многу лош. Еве сега на пример, наместо да му се даде поддршка на Градоначалников Александра Петрески, од сите страни со конци го влечат кон различни страни. Целта на тие „страни“ е да го омаловажат Петрески пред охриѓани. Но, охриѓани не се само во Охрид, туку и оние во Австралија кои чекаат некој нивни да помисли на нив. Чекаше владата да замине Петрески, и да крене фама околу нивото на водата, но повеќе од очигледно е дека тие направија погрешен потег. Откако нивото почна да се спушта, тие ја кренаа паниката. А што би правел Петрески во Охрид? Со кофа би земал од езерото и би пиел за да се намали нивото? Потребните служби се задолжени, а Петрески и во Австралија , останува верен на Охриѓани.

 Поздрав од Австралија
Владо