По повод изнесените ставови на Младинскиот Совет – Охрид во врска со работилницата за промоција на Националната стратегија за млади и кампањата за имплементација на стратегијата на ФТОН-Охрид, во текстот објавен на 5.4 2007 г. под наслов “Охридските студенти незаинтересирани за Националната стратегија за млади“ , со реакција во нашата редакција се јави Ана Попоска студент во четврта година на ФТОН, насока Осигурување:
Охридските студенти не беа известени за гостување на претставници од “некоја” организација. Вашиот одржан состанок со четири наши студентки , е причина да пријави присуство и петтата, Ана Попоска студент во четврта година на ФТОН , насока Осигурување.
Ви забележувам на несериозен и непрофесионален пристап кон нештата – бидејќи четири колешки не се меродавни да говорат во име на сите студенти. Вашата теорија дека студентите се обидуваат да заминат и да не се вратат – ја побивам со тоа дека јас заминав и повторно сум тука. Колегите кои престојуваа со мене во Англија, се вратија исто така. Се наметнува прашањето колку се поткрепени со докази Вашите информации ? Колкав е бројот на Вашите испитанички групи ? Дали некој работи на проверка на информации ?
Патем , како студент на споменатиот факултет, се чувствувам компетентна да одговорам на наметнато прашање – “Дали на студентите им треба подобрување на квалитетот на образованието или ова им е доволно , или можеби многу?” Кај нас се корегираат пропустите во чекор … континуирано се менуваат нештата на подобро. Ние не застануваме овде и сега. Делот од пасусот ” или можеби многу ” нема да го коментирам бидејки ми звучи иронично. Не` спремаат да бидеме добри менаџери – да имаме позитивен пристап кон нештата, и да сме цврсти. Не секогаш ќе ни аплаудираат на постигнатите успеси, има и такви кои ке не` попречуваат и ќе не` одвраќаат – НАШЕ Е ДА ИСТРАЕМЕ, НИЕ ВЕРУВАМЕ ВО СЕБЕ!
Ако сака невладината организација да дознае повеќе за нас студентите и нашите интереси, нека повели на разговор со студентите бидејќи ФТОН има повеке од 4 студенти.
Ставовите изнесени во рубриката Ваши ПИСМА, не се ставови на редакцијата на ohridnews.com и таа не сноси одговорност за изнесеното во текстовите. Редакцијата во текстовите на читателите врши само корекции кои не ја менуваат содржината.
Од редакцијата.