Кај нас законите се препишуваат од одредени држави без да се води сметка за Националните, Локалните па ако сакате и по дејност интереси. Значи, Законодавецот односно Државата треба да води огромна сметка за погоренаведените мои забелешки. Или појасно да се искажам во поглед на овој Закон. Имаме Закон за заштита од пушењето.
1. Прашање кој кого го штити? – пример, угостителски објект со 500 места, како е возможно да некој воведе контрола или систем на непушење.
2. Зошто Непушачите да се недискримирани за разлика од пушачите – кои се дискримирани и ускратено му е Уставното право. (штетноста од пушењето, да, но има и многу поштетни работи за здравјето а не се забранети со закон, пр. јадење свинско односно мрсно, газирани пијалоци итн.)
3. Казните – апсолутно нереални и превисоки. Казните. (Деловните објекти во кој ќе се пуши ќе заработат казна од 2000 до 4500 евра, менаџерот на кафеаната ќе биде казнет од 500 до 1.000 евра, 300 евра за пушачот). Овде се поставува прашањето: Кој е прекршител на Законот? – угостителскиот објект или пушачот. Да се казни угостителскиот објект со така превисоки казни, за нешто што реално не е во можност да го спречи , а починителот на прекршокот односно Пушачот се казни со …? Во најмала рака смешно и глупаво е. Законите треба да ги казнуваат причинителите на делата а не субјектите. пр. сообрајќајна полиција да го казни производителот на автомобили зато што ставил пепељара во колата а возачот кој што пуши … не. На овој начин се создава неможност за почитување на законите односно се создава анархија.
4. Угостителските објекти, навистина се јавни објекти, но тие се објекти каде немора да одат непушачите (јавен објект каде мора да оди секој е: Болница, Пошта, Општина, Суд итн.).
5. Министерството за правда во соработка со Министерството за економија, со нашиве сугестии и поглед на менталитетот и навиките, треба да ја одложи примената на овој закон се до оној момент додека не донесе закон кој што ќе може да се почитува и применува. Да покрај казнетите одредби во Законот се предвиди, како ние угостителите ќе може да ги спречиме пушачите да пушат.
6. Според мене треба да се воведат лиценци (со симболична цена), за угостителски објекти во кои ќе се пуши и угостителски објекти во кои нема да се пуши. На овој начин, пред се нема да има дискриминација на пушачи и непушачи. Казните, треба да се преиначат и тие да важат за прекршителот односно за пушачот а не за оној кој не е виновен односно угостителскиот објект или одговорното лице (кај го најдовте пак сега одговорно лице).