Повод: Нападот на охриѓанецот пред „Де Лаго“ за новогодишната ноќ.

Би сакал да упатам остра критика до надлежните органи во СВР Охрид за нивната непрофесионалност во третирањето на случајот околу нападот на охриѓанецот пред кафе „Де Лаго“. Во раните утрински часови 15 лица беа приведени иако со докази лично нивни со изјави и потврда од сопственикот на објектот дека не присуствувале на настанот, лица кои беа на прослава во клубот, дел беа приведени дека биле сместени во соседниот апартман до напаѓачот кој подоцна следниот ден сам им се предаде на надлежните органи. Тоа беа лица кои биле на дочек во хотелот Милениум  и клубот Револушн.

Надлежните органи цели 8-9 часа ги држеа на сослушување шетајќи ги 15-те туристи од канцеларија во канцеларија, и ставајќи ги на препознавање од лица кои биле на настанот повеќе пати, но без успех, без доказ, со сцени како на филм. Во текот на целиот процес полициските органи имаа сознание за бараната личност, ги имаа пасошите на двете лица кои учествувале во тепачката, но сепак приведените не беа во можност да ги напуштат просториите на полициската станица во Охрид.

Вработените во МВР Охрид беа љубезни со исклучок на едно лице кое се однесуваше дрско кон сослушаните туристи, кои реагираа на неговото однесување со цел да ги наведе да признаат дело кое не го сториле. Туристите беа принудени да побараат помош од амбасадата на Република Србија во Скопје по што дојде нивни претставник, а потоа беше ангажиран и адвокат.

Приведените лица беа ослободени по долги 8-9 часа поминати во ладните ходници.

Се прашувам колку овој преседан ќе влијае на развојот на туризмот во нашиот град!

Авторот познат на редакцијата
* Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.