Се понагласени се размислувањата на Охриѓани дека медиумскиот простор во некои од охридските интернет портали станува место за своевиден начин на изнудување , изразување на лични фрустрации и негодувања заради не исполнување на персонални барања и желби на одредена група на квази-новинари, квази- аналитичари, квази- колумнисти или квази-експерти.
Имено се работи за појава при што истите, своите “видувања” ги истакнуваат на блогови или портал-и кои немаат импресум, нити уредничка структура, нити потписи на “новинари” под текстовите кои ги пишуваат, а неретко истите личности се јавуваат и како пишувачи на коментари се разбира под различни псевдоними или скриени имиња.
Содржината на текстовите им е најчесто со несредена структура, сиромашни или се без фактографија, без ни малку издржана анализа на проблематиката која се изнесува, со многу измислени и извртени тези, дефокусиран тек на темата за која се пишува, со многу примеси на лични навреди често зачинети со доза на гнев и фрустрираност. И на крај се разбира, сето тоа под плаштот за наводна загриженост за состојбите во градот, за “доброто” на граѓаните и институциите во него.
Авторите на ваквите текстови се анонимни или воопшто ги нема, за да истите потоа се јават и во рубриките за коментари со лажно преставување како загрижени граѓани.
Во градот веќе се по отворено се зборува за тоа кои се луѓето кои стојат зад ваквите појави и дури се познати и причините заради што истите тоа го прават.
Охрид е сепак многу мал град за да некои работи долго останат прикриени или не разјаснети.
Веќе не е тајна дека се работи за тројца членови на владејачката партија во Охрид поранешни преставници на локалните партиски структури (незадоволни од својот статус во партијата и потикнати од своите нереализирани замисли и желби) , еден претседател на мала опозициона партија, и двајца т.н. “ новинари“ без завршено соодветно образование едниот како дописник за еден портал а другиот основач на друг портал. За последните двајца е интересно дека постојано се кординираат околу темите за кои ќе се пишува и кој се ќе биде вклучен од листата на погоре набројаните, па дури за добро да се прикријат во ист ден пишуваат за една тема во “ нивниот “ портал, а сосем спротивна ( плукачка) содржина во другиот портал. Се зборува дури и за тоа дека со едниот од нив во игрите понекогаш “кокетира “ и еден актуелен пратеник во македонскиот парламент.
Најчест користен простор за реализација на нивните замисли се два охридски локални портали ( блогови) со префикс “ ohrid…”, од кои едниот е поодамна присутен во медиумскиот простор во Охрид, без било каква изградена стретегија за уредувачка политика најесто “ опседнат “ со теми за градоначалникот и локалната ( 90%), претседателот на владејачката партија во Охрид (сега поретко), еден од пратениците на владејачката партија и преставници на локалната. Другиот портал нешто поумерен и со нешто посредена содржина ( ако може да се каже такво нешто), во кој простор најесто наоѓаат двајцата погоре споменати “ новинари“ претходно координирани во едно од охридските кафулиња, како и претседателот на малата опозициона партија, а да е “лакрдијата” уште поголема се зборува дека тука нарачува текстови и пратеникот.
Ако лично имате желба да си го докажете ова самите на себе пробајте напишете коментари кои се навредливи за некое од гореопишаните имиња. Нема шанса да објават. Тоа е најдобриот доказ дека тие стојат зад фантомските медиуми. Дополнително коментариите кои не им одговараат политички или не ги објавуваат или ги кратат со цел да ја изгубат смислата.
За среќа, и двата портали ( блогови) се со мала посетеност од страна на читателите, од проста причина што ваквите нивни тенденции се мошне лесно уочливи и добро препознатливи за мнозинството охриѓани.
Меѓутоа она што можеби треба да загрижува е што ваквата пракса на групата, влијае на угледот и реномето на останатиот дел од охридската новинарска заедница, која за волја на вистината на нај професионален начин, чесно и макотрпно си го одработува својот ангажман во охридскиот медиумски еснаф, борејќи се за принципите на благовремено, вистинито, аналитично, сеопфатно, коректно и избалансирано информирање на охридската јавност.
Едно е јасно дека одсекогаш низ историјата на човештвото ваквото однесување било одлика на маргиналци, нереализирани и фрустрирани личности кои се исполнети со негативна енергија и гнев, кои како кукавици се кријат во „дупки„ од каде попусто се трудат да го „отрујат„ ова општество.
Сепак уште еднаш напоменуваме дека добра околност е што охриѓани навреме ги препознаа и изолираа членовите на оваа група и нивните гневни интенции, а нивните имиња не се веќе табу тема во охридската чаршија.
Со почит,
Христијан Илиевски
*Изнесените ставови во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.