Како човек кој од својата 15 година активно сум вклучен во борбата за заштита на малцинските права на заедницата на Египќаните не само во Р.Македонија туку и низ Балканот, соочувајќи се со предизвикот како една заедница да втурнеш во системот на државата да биде препознаена и интегрирана, при тоа знаејќи дека постојат три уставни категории во преамбулата на уставот и тоа етнички заедници повеќе од 20 % ,заедници помалку од 20 % и неспомнати заедници кои се декласирани како останати кои де јуре треба да ги уживаат сите загарантирани права а де факто немаат никакви права единствено само обврски кон државата.
Охрид градот кој секогаш е темел на толеранцијата и соживотот досега не покажала интерес за креирање на една политика за етничките заедници кои живеат во неа, при што секогаш институциите се вадат на тоа “малцинствата во Охрид немаат проблеми” ,единствениот аргумент е дека механизам за заштита на етничките заедници на локално ниво е повеќе од потребен од позитивен аспект, промовирање на културата, интеграција, соработка меѓу заедниците итн,другиот аргумент кој сакам сите добро да го размислат е тоа дека Охрид е мултиетнички ,мултикултурен и мултиконфесионален град а доказ за тоа е последниот попис на населението при што во Охрид живеат внимавајте 85 % Македонци, 5,3 % Албанци прва категорија ,втора категорија 4 % Турци, 0,6 Срби, 0,1 Роми, 0,5 Власи и третата категорија 4,2 % останати од кој 4 % Египќани.
Зошто упорно Охрид се прикажува како еднонацинален град или бинационален град при што Струга која е до нас се прикажува како најетнички град, која е разлика меѓу Струга и Охрид колку што заедници живеат таму живеат и во Охрид прашањето лежи дали разликата е во тоа што во Струга има насилство по нацинална основа а тоа во Охрид го нема, па поради тоа немаме право на никакво тело, понатаму во Охрид нема никакви стратегии, проекти, акциони планови и најважно тело кои ќе биде составено од претставници на етничките заедници кои живеат во Охрид, зошто малцинствата во Охрид стануваат заложници на мнозинството односно зошто се неми кон своите права,тука се јавува она што е суштината на мојот текст а тоа е иницирање на комисија за односи меѓу заедниците која треба да прерасне во заедничка визија на етничките заедници во Охрид .
Комисиите за односи меѓу заедниците се формираат врз основа на член 55 од Законот за локална самоуправа кој предвидува задолжително формирање на Комисија за односи меѓу заедниците во општини каде според последниот извршен попис живеат 20% или повеќе жители од одредена заедница. Со ова не се ограничува формирањето на ваквата Комисија и во општини каде ваквиот услов не е исполнет. Ова значи дека секоја општина може да формира ваква Комисија, доколку тоа соодветствува на потребите на општината, меѓутоа кај општините кои имаат 20% и повеќе жители кои се припадници на одредена заедница, формирањето на Комисијата е задолжително, а за останатите општини формирањето на ваква Комисија е доброволно. Она што е слично помеѓу комисиите на Советот и Комисијата за односи меѓу заедниците е тоа дека предлагаат решенија на Советот по однос на прашања од надлежност на Советот, врз основа на кои Советот решава. Со други зборови комисиите на Советот и Комисијата за односи меѓу заедниците се слични според нивната консултативна функција. Ова претставува правната основа за формирање на КОМЗ во општините при што Охрид нема законска обврска но треба да постои добра волја за формирање на вакво тело што е од интерес на припадниците на заедниците што живеат во Охрид, примери за доброволно формирање на вакви комисии се Гостивар, Гевгелија, Врапчиште, Студеничани, Сарај, Делчево итн зошто да не и Охрид.
Да не дозволиме Охрид да биде град без права, а правата и заштитата на правата ќе следуваат преку комисија за односи меѓу заедниците, конечно нека се разбудат од зимскиот сон претставниците на етничките заедници и нека КОМЗ биде нивната визија за таа визија да допре до институциите, до Општината, Советот, Градоначалникот исто така до советниците во Советот кои се припадници на етнички заедници и здруженијата на етничките заедници. Мојата визија за 2014 година ќе биде формирање на комисија за односи меѓу заедниците кое ќе биде тело формирано како потреба и реализирање на уставно загарантираните права на заедниците кое ќе биде столб на заедниците во Охрид и кое во иднина ќе се гордееме.
(изнесеното е личен став на авторот)
Вахид Мемед
Активист за малцински права
Студент на правни студии
*Изнесените ставови во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.