Се изедоја едни со други, а ниту “бомби” ги јадет в..”офците” ниту пак “контра-бомби” му может нешчо на к….”истите.” Се трошет с’де тие шо ги потхранвет, а не_се ни сфесни дек им давет ушче поголем легитимитет за самоволие. Брат со брат се закрвени зарди “нашите и вашите”… татко и син в_гуша се фатени зарди “мојте и твојте”… комши по судој зарди “офците” и “истите”…

Во гратските кафани – политички трибини. На куќни слави, место песна – пцујајне се слушат. Се легвит со политика(нтство), се станвит со истото. И сите се доживувет ко експерти. И така… 25 години. Тешко да ќе се сменит нешчо и за наредните 250. Аку до_тогаш опстаниме.

Новата рунда колективно лудило е почната…  Разноразни кратенки… ОБСЕ… СОНК… ОДХР… ДИК… МСТП… СЈО… МИОА… ОЈО… ДБК… ЗКП… Д од П… и која ушче не… полни се со “бисери”. Тресет гупости невидени. Денес шо велет – утре не_важит. Ко да се такмичет кој поголем хаос да напрајт. Си земет право да го толкувет законот по сфое… да покажет кој от_ниф е поважен… да излезет прет камера, кој со природен кој со монтиран осмех… појќето со плеада (зад ниф) послушници… Циркус! И
Зборот демократија е дефиниција шо ја употребвет за правдајне на секоја нивна будалија.
Едни не_давет на други… други одземет на трети… трети тужет на…
И??!! Никому нишчо!!!А жртвени јарци колку да сакаш.
Па некој морат да го платит то шо тие му “служет” на народот и државата!
Кучината лает… караванот врвит!!
Колективното лудило нажалос продолжвит!

Росто Ристе