Никако да се смират страстите и конечно кајакот на мирни води да заплива во мирни води.

Доделувањето односно недоделувањето на стипендиите од страна на Агенцијата за Спорт и Млади предизика незадоволсто кај челните луѓе во кајакраската федерација на мирни води.

Ева ја во целост реакцијата на преседателот на федерацијата Никола Чакарески :

“Една стара поговорка вели “Кој молчи изгледа се согласува”.

Не молчам а уште помалку се согласувам со неправдата која Агенцијата за млади и спорт ја нанесе на петмината кајакари и недоделувањето на повеќе од заслужените стипендии.

Би сакал односно должни сте по писмен пат да им образложите на спортистите зошто се одбиени ? По силата на притисокот ли е или по силата на законот? Зошто беа избрани па потоа побаравте И трансакциони сметки ако немавте намера да им доделите не награда туку во тешки услови одработана и заслужена стипендија?

Јас не можам па би Ве замолил да им објасните односно им кажете на македонските  кајакари на мирна вода  дека не треба да се прваци – нема зошто ! Да им  објасните на Јован и Евгенија дека залудно ги освоија сите, без исклучок сите први места , на Владимир од Охрид дека неговиот брат близнак кој годинава немаше потребни поени помина исто како него кој имаше! Ве молам да им образложите на Рина Казиу и Дрилон Леши дека не треба да го веат македонското знаме бидејки Вие ниту забележавте ниту тоа го наградивте.а се вееше на три европски јуниорски првенства ,балканско првенство и многу меѓународни регати во и надвор од нашава земја. Објавивте петстотини стипендии а доделивте во најмала рака пет помалку.
И тука кулминира заплетот.

На сметка на кои други пет кајакари нашите останаа без стипендија?Разберете подготвени сме во секој момент на натпревар за кој Вие ќе кажете кога и каде да излеземе со кајакарите на мегдан .

Господине раководител за спорт Бојан постои ли фудбалски клуб без фудбалери, текстилна фабрика без работници,партија без членство? Ако Ваша намера е да се откажат нашите кајакарите од кајакарскиот спорт верувајте не сте далеку од целта.

Господине Драган зошто постојат инспекциите ако не за да проверат дали  е се по теркот на законот или со Ваша помош некој сака да троши државни пари за да функционираат човек фирми? Несвојствено и тешко за разбирање е што постапувате спротивно на секојдневното потврдено залагање на владеачката партија за расчистување со криминалот,корупцијата,непотизмот . Ова беа стипендии наменети за спортисти во нашиов случај кајакари а не за клубови и не за федерации.

Сите нас возрасните требаше да не ставите настрана бидејќи не во нас , туку во младите е иднината на овој спорт. А ќе ги има ли и понатаму? Езерото ќе го има,поволните временски и скромните  матерјални услови ќе ги има но кајакари? Дали сте подготвени да го загубите спортот за кој најмалку треба да вложите.!Искрено се надевам не! “

Претседател
Никола Чакарески

ohridnews