Е, ко сношчи, понапрет охриѓани праеле питулици, посни-од тенка каша печени на посебни питуличар ници и сетне попарени со врена вода во која имат толчени орај!( А покојната моја мајка со орајте , солж и лук толчеше, та отко со та вода ќе попрскашесе која питулица во форма на голема палачинка, истите ’и редеше една на друга во тафче, та со нож ’и сечеше ко баклава и најсетне ’и потпеквеше в рерна! Прсти да изејш!) Со дел од кашата цртале крсте на огнишчето, на прагот од пжтната врата, ношвите,бочките, амбарите… Така било некога!
А сеа-јадени прејадени најмрсно за нова година и сите дни по неја си играме верници во најтешките пости и пак за Бадник посни јадејна прајме, та ушче лепче со паричка. К’де се чуло, видело?!
Невидено лицемерие…
Нејсе, дел’ми коледа је-та рекетарите од зори буфтет по вратите, пеет кој ’сива,сива голобицеж, кој ’коледа, бабо , коледа и завршфет со закана-ќе дајте, али не? И наместо со посно-орај, костени ал јаболко…жена ми им дават чукалада, разноразни бонбони, киви, мандарини …и по десетденарка! Адет било! Чиј?
А да го опитам Славета плаушки, одн.Тимотеј кичефско-дебарски, гла’ не ти вртит а камоли да ти прогорит! Аџиба тој ’и знајт адетите,и аку је тука еден черек век, добрутро никому не рекол а камоли нешчо да научит ал прифатит од старите обичаи на Охридската ни цркоф!
Е,сеа да спомениме и за тој Бадник и огнојте до небеси, та кум бадникарски, та пијајне ракија.. и какви не ти работи. Се знајт оту на Бадник , вечерта спроти Рожџеството Ристозово си се собират саде фамилијата дома, се јајт посна вечера- споменаф питулици посни и в огон- огнишче се фрлет ветки смрекои ал пенушки, а смреката фрлат искри, наоколу и та зато не се спијат, се сејт буден дан се запалиит нешчо наоколу.
Зато оттука мојт да је и името Бадник- будник! Сабајлината се ојт цркоф имат служба, пеејне та се честитвит со Ристоз се роди Навистина се роди, људите се причествет, си ’и прошчет греојте и завршфит постот строг! И каква паричка во лепче, комат ал глупости…се знајт паричката се клават во тепејнца за Стара Нова година, кој ќе је најдит тој ќе имат к’смет целата година.
А сеа прајме сфе испревртено. Зато и гдин гдин Стефан годинава не дошол на Бадник!
Владо Жура
текстот е пренесен изворно на охридски дијалект