Веќе подолго време на медиумите се вртат статии дека некоја си „Консултантска куќа од Хрватска“ ќе изработела физибилити студија и мастер план за ски центарот на Галичица.
Зарем сме се запрашале што одговор би добиле од таа фирма на која и даваме: 230.000 евра? Команија од која бараме да се изјасни по однос на нашето барање, одговорот ќе биде многу едноставен. Таму треба да градите ски центар! Па, ние ја плаќаме таа консултантска куќа за да го добиеме тој одоговр. Што очекувате да кажат не, таму не е во ред да се гради ски центар и сл. Ако сметаме така, тогаш ние живееме во илузии!
Во овој дел би ги додал и луѓето во градот кои коментираат дека на Галичица требало да се гради ски центарот, за тие заедно со своите фамилии како некогаш многу одамна да одат и да уживаат во скијањето. Не обврнувајќи внимание на тоа дека во тој дел од планината се наоѓа „Строго заштитената зона во Националниот Парк Галичица„. И што ќе се случи доколку во таа зона се изгради еден Ски центар? Дали тој Национален Парк би имал основа да функционира? Дали нивните деца или нивни сограѓани кои завршуваат на некој од факултетите кое се грижат за заштита на природните богатства би имале каде да работат, ако тој Национален Парк не функционира? Што ќе се случи со ендемичните видови од животинскиот и растителен свет во таа област? И тн.
Изреволтиран од односот и реакциите на некои луѓе во Националниот парк додека ги градевме патеките за развој на Планински и Рекреативен туризам, конкретно на планината Галичица. Решив, да пратам и еден апел до нив, да бидат малку погласни во делот на заштитата на она кое е во нивна надлежност. А не своите работни фотељи да ги користат за дневно политички теми и препукувања. Истите тие, врз нас вршеа притисоци и не убедуваа за кружната патека која води до врвот Магаро. Реакциите беа следни! Дека ние треба да користиме бои кои се на биолошка основа, дека таа патека е под знак прашалник дали ќе биди дел од тој проект, затоа што со самото присуство на луѓе ќе се наруши мирот на животните во таа облас и сл. За сега, кога станува збор за делот во кој истите тие гласноговорници се надлежни, свиткани во своите добро обезбедени фотељи молчат.
Сам себе си поставувам многу просто прашање. Колку неуспешни проекти за ски центри има во Македонија и колкава површина на непроценлива природа е уништена во периодот на градба на истите тие скијачки центри и дали Македонија има предуслови да развива зимско – планински рекреативен Туризам? Одговор на последното прашање ќе дадам на самиот крај.
Во Македонија има три вакви неуспешни проекти, а тоа се следните: Стрежево, Отешево, Кожув и сега сакаме да градиме уште еден нов неуспешен на Галичица. Во сите овие ски центри се вложени огромни средства, за истите да не постојат. Тоа е планот уште додека се градат истите.
Како за пример ќе ги земам сите овие веќе пропаднати, затворени ски центри и ќе дадам кратко видување за тоа зошто истите денес не функционираат:
•Отешево е скијачки центар изграден на планината Галичица на југо – источната падина кон врвот Лако Сигној, а другиот дел од овој ски центар е на спротивната страна или поточно на југо – западната падина кон врвот Томорос. На надморска висина на почетна точка од 1480 м и највисока завршна точка од 1900 м. Овој проект со ваква позиционираност на патеките е осуден на пропаст уште во самиот почеток. Некој ќе праша зошто? Затоа што, да се изгради скијачки центар на јужна падина која е изложена на сонце во текот на целиот ден е апсурд.
Еве ќе кажеме во ред, изграден е и ајде некако да смогнеме сили и да го вратиме во сиот свој сјај. Како? Кога планината Галичица по својот состав е варовничка планина на која има само неколку извори со вода кои се на растојание од 20 кл. За еден ски центар да функционира потребно е истиот да има соодветна водоводна и електрична инсталација. Дали сте се запрашале што се случува со електричната инсталација која го снабдува овој ски центар. Сите кабли, трансформатории, бандери, далеководи и сл. се оставени на милост и немилост на луѓето кои ги користат овие ресурси само за да стигнат до парче леб. Без водоводна инсталација, нема топови кои ќе произведуваат вештачки снег. Во овој дел повторно би ги напоменал и временските услови како клучен фактор за тие топови да можат да функционираат, потребни се минимални услови за работа: температура под -2 и нормално вода која на Галичица ја нема.
Ете затоа денес овој „ски центар“ може да послужи само како одпад во некој од откупните центри за старо железо.
•Стрежево е скијачки центар изграден на планината Баба во близина на селото Нижеполе на југо – западната падина. На надморска висина на почетна точка од 1310 м и највисока завршна точка од 1600 м. Како и претходниот на Галичица така и овој ски центар е граден со иста цел.
За разлика од проектантите или консултантската куќа кои го работеле проектот за Галичица, овие кои го работеле овој проект за ски центарот на Стрежево се погрижиле и помислиле и на тоа дека потребна им е вода и струја. Но за жал временските услови, поточно сонцето си го прави своето.
Денес овој „ски центар“ со само два ски лифта ја има истата функција како и претходниот.
Во прилог и линк од видео на You tube за тоа како изгледа скијање на една од стазите во ски центарот – Стрежево. Ако ова за некој е скијање во скијачки центар!!!!! Жално•Кожув е ски центар изграден како идеја на еден локалн бизнисмен од Гевгелија. Но за жал и таа идеја за ски центар, изграден на идеална падина, со идеални услови за градба на стази е изложен на пропаст. Огромни долгови кон ЕВН – Македонија и персоналот кој работи во ски Кожув.
Овој ски центар има се што е потребно за истиот да функционира: вода, нов пат, поволна клима, струја и одлично хотелско сместување во Гевгелија, од каде за максимум 1 час луѓето пристигаат до ски центарот. Но немањето на стратешки план, во кој точно ќе се знае каде и како ќе се трошат парите си го прави своето.
Секако дека Македонија како држава треба да размислува во делот на зимскиот – планинскиот рекреативен Туризам.
Зошто? Затоа што Македонија изразена во проценти е планинска земја со над 75% планини на ниво на територија. Со 2000 врвови над 2000 м.н.в. кои овозможуваат развој на ваков вид Туризам. Но за да развиваме ваков туризам треба да знаеме каква е побарувачката на пазарот. Не на Македонскиот, поточно на оној пазар, кој го развива овој вид на туризам – Странците.
Еве еден прост пример за успешен проект:
На ова видео изработено во Исланд може да се види како без посебен влог во инфраструктура (пат, огромни хотели, електрична мрежа,ски центри и пропратна инфраструктура за ски центрите и сл) се доаѓа до она што го бараме. На точно 11:30 мин. Можат да се видат Сместувачкиот капацитет, двата ратраци кои служат за трансорт на групите и еден хелихотер кој исто така служи за транспорт. Ако се земе предвит фактот дека за изградна на еден модерем шестосед се потребни нешто повеќе од 6 милиони евра, тогаш ова видео може да биде дел од нашето секојдневие.
Како и Колку за успешна реализација на ова Видео?
Еден ратрак е со просечна вредност од 200.000 до 250.000евра. На територијата на Македонија нека бидат 10 ратраци тоа се 2, 5 милиони евра. Два Хелихоптери со вредност од 4 милиони евра. Севкупно доаѓаме до сума од 6, 5 милиони евра. Значи шестоседот на ски центар Кожув го потрошивме. Остануваат средствата потрошени за изградба на патот до ски Кожув, двата ски лифта на Зелен брег и вкупните средства потрошени за останатите два скијачки центри. Да кажиме дека станува збор за уште околу 10 милиони евра, а се повеќе. Зошто? Затоа што да се гради 1 километар асвалтен пат со таков квалитет како тој на Кожув, вредноста на тој пат би била следна: 20 км х еден милион евра од км. тоа се 20 милиони евра и ако ги додадеме средствата од останатите скијачки центри, на сите ни е јасно што се може да се изггради со толкави средства и како би изгледале нашите планини денес.
10 – те милиони кои ни преостанаа, одат за: Еден објект со површина од 200 квадратни метри, изработен во Hot- Hot би имал вредност до 70.000 евра х 10 такви објекти би имале вредност од 700.000 евра. Останатите 9,3 милиони евра одат за плати на вработените кој се грижат за: ратраците, хелихоптерите и сместувачките капацитети, а истите подоцна ќе имаат прилив на средства од секоја тура, за набавка на комби возила кои ќе ги транспортираат гостите од Аеродромите до бараната дестинација на гостите и за поголема количина на залихи од Нафта, знаејќи дека Нафтата секојдневно руши рекорди. На овој начин понудата на овие капцитети би била далеку по прифатлива од таа на Светските ски центри.
Што потоа, ако и овој проект го снајде истата судбина како и претходните?
Ратраците се продаваат во некој од скијачките центри кои не опкружуваат, Сместувачките капацитети ќе се прераспределат на некој од Планинарските, Алпинистичките или Велосипедските клубови кои ќе се грижат за истите, а хелихоптерите можат да бидат дел од некоја од државните болници, спасувачките служби, полиција, армија и сл. Комбињата ќе се продадат на некој од нашите сограќани. Додека нафтата ќе биде добредојдена за некоја од државните фирми. Но, најважна од се е природата која ќе остане онаква каква што сме ја затекнале .
Зарем не беа доволни три неуспешни проекти работени од: „Светски стручњаци, Консултантски куќи“ за Ски центрите кои денес пропаѓаат. На сметка на нивната „стручност и компетенции“ денес е уништеното огромно шумско, животинско, растително богатство на тие планини, па сега треба уште една природна реткост да ја доживее истата судбина како и останатите. Прашањето е само до кога ќе се само уништуваме, а некои други да живеат на сметка на нашата глупост?