Ако некој знае врз основ на кој член и врз основ на кој закон ќе се продолжат овие договори нека јави, бидејки јас и покрај тоа што сум правник не знам. Нема правна норма која предвидува категорија „продолжување на договор“, бидејки работен однос се заснива со објавување на оглас(Чл 22 став 1 и став 3 од законот за работни односи). Во овој член став 1 точка 4 предвидуваше цитирам „обезбедување работник од страна на самиот работодавач, без огласување, со директно склучување на договор со работникот“, затворен цитат, е укината со Законот за измени и дополнување на Законот за работни односи. Работникот работниот однос може да го заснива на определено или на неопределено работно време (чл14 од законот за работни односи). Значи нема таква одредба во Законот за работни односи.
Законот за основно образование член 82 став 1 цитирам: „наставникот, стручниот соработник и воспитувачот се избираат по пат на јавен оглас“, став 2:„лицата од став 1 на овој член можат да засноваат работен однос и без јавен оглас на определено време најмногу до три месеци“.
Од горенаведениве цитати јасно е дека и во Законот за основно образование како и во Законот за работни односи таква норма нема. ЗАКОНИТЕ ВЕЛАТ НЕ, ПРОСВЕТНИТЕ И ТРУДОВИТЕ ИНСПЕКТОРИ ВЕЛАТ НЕ, АРНО АМА ВЛАДАТА И СОНК ВЕЛАТ ДА , ЌЕ ИМ ГИ ПРОДОЛЖИМЕ ДОГОВОРИТЕ.
Почитуван Министре и почитуван претседателе на СОНК! Како се договоривте на вработените на определено време да им помогнете со нешто што не постои, со нешто што кое правно е неизводливои неиздржано? Дали Вашата спогодба е над законот? Продолжување на договор не е предвидено со ниедна правна норма, а тоа го знаат и
господинот Дојчин и Министерот, но сеедно се трудат да го убедат народот во нивната решеност да го решат овој проблем.
А народот?
Народот се труди да и верува на Владата, да му верува на СОНК но некако се потешко му успева да истрае во вербата затоа што веќе не може да се убеди самиот себеси дека во Македонија нема проблеми и дека во училиштата нема масовни партиски отпуштања. Народот се повеќе почнува да си верува себе си дека само тој е оној кој што може ова да го смени, затоа што само тој и ја даде довербата на оваа Влада.
правник