Поминувам секое утро покрај црквата Свети Ѓоргија во Охрид, се крстам  и се чудам: Гледам на  портите   место икона  ставена  олкава табла со  порака: Обезбедува Питон! Каде ли е Гопод, си велам, кај  отишол, та нема време да обезбедува едно црквиче посветено на Ѓоргија Великомаченикот!?


Влегувам внатре и  таму очекувам нова икона, ја забележувам  горе над влезот, а на самиот влез, во висина на очите –  нова порака: “Објектот се снима”…Се снима?!!Гледам да останам  сериозен, нели, штом се снима објектот, се снима и  верникот кој влегува и кој се крсти и кој се исповеда….Се прашувам и Бога го прашувам: така ли  треба, Господе?! Додека Ти и јас, грешнииот разговараме, треба ли некој да не снима!? Господе Боже, што ли се има и нема во оваа моја и Твоја  Чудесна Македонија!?!?


И само што посакувам да прашам одново каде ли е мојот Господ кој се гледа и се  слуша, а треба и се да обезбедува…. каде ли е, кога….ете го малку в лево во камарата кренал раце или така го сликале  ѓоаиконописците: на крст не со распетие, ами со кренати реце кон небото…Го гледам и јасно ми станува: и Господ Бог кренал раце од арамииве македонски, или простете  ако погрешив: од арамииве кои испокрадоа се во црквиве македонски….И…што правиме Господи  – сакам да потпрашам, а Тој, онака  полураспнат – полу од немајкаде – ги кренал рацете и рамениците и  како  да вели: “не  прашувај ме  рабу божји. Јас ништо неможам повеќе со оние кои се  откажале од мене,…ете ви го “Питон” –  тој нека ве спасува и обезбедува сега, секогаш и за сите времиња ..амин!”


Останав нем и еве ме немеам уште, а што да речам после божјата реч?! Ништо, сполај ти Господе! Можеби и овие, моиве,  не знаат што прават…прости им и….”Питон” нека им е на помош….АМАН!

Напис и фотозапис:  Дим  Дон

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews  не сноси одоговорност за содржината на истите.