Охрид е Македонскиот Holywood.
Со претседателски сопруги.
Од 17 централни европски држави.
Во Охрид има селанки со домашни цреши.
Со домашно сирење и планински чај.
Од Горно Лакочереј.
По Охридските улици има место за 250 автобуси со 10.000 политчки фигуранти.
Hollywood. Ohriwood.
Се е исто….
Секогаш нешто посебно се случува во Охрид.
Во Охрид никогаш не е досадно.
Режисерите само ја менуваат позадината.
Со нови актери, актерки, теми и најважно: фигурантите!
Охрид е игралиште.
За тие што сакаат да бидат успешни, славни, ѕвезди, в центар од светлото.
Со сонови, надежи, планови и идеали.
Исто како во Hollywood.
Охридско огледало
Самитот заврши.
Ние си седиме дома во Амстердам.
Со винце и мезе.
Ги пратиме вестите преку Ohridnews.
Покрај Холандската топлина ги затвaраме очите.
Го сонуваме Охрид, го гледаме Охрид.
Се приближуваме до Охрид.
Скоро со прст можеме да имаме контакт со Охрид.
Иако сме одалечени 2500 км, 2.5 сати лет со авион.
Преку Ohridnews сме сведоци на охридските секојдневни случки.
Многу сме весели и горди.
Дека и ние сме дел од насиот Охрид.
Имаме преку комјутерот Охридско огледало.
И ние се радуваме на новите шахти и новото зеленило.
Охрид и Оhridnews.
Од некоја локална афера за вода до 17 претседатели на самит.
И холивудска режија околу политичка кампања
Охрид е градот на разликите.
Од логични и не-логични разлики
Холивудска режија
Читав дека имаше во Охрид патнички политички циркус.
Пред неколку години случајно бев како турист на слична манифестација.
Во вечерна, летна атмосфера.
Во Античкион театар.
Бев сведок со рацете в џеб.
Внимателно пратев што и како.
До детали.
Во далечина слушав ехо од микрофоните.
Нешто околу Македонија и иднина.
Од се’ само една работа ми остана до ден денес во меморија.
Уште тогаш се чуствуваав ко да сум влезен во некој филм.
Видов полни автовбуси од цела Македонија.
Паркирани на Туристичка.
Излегуваа фигуранти.
Направија галама и то.
Се беше под режија.
Ништо не беше спонтано.
И во еден момент се исчезна.
Магла.
Се се кажа и се направи пред камерите и сликарите.
Останав со прашања без одговори.
Дали е ова реалноста?
Вака на овој нацин?
Ohrywood
Не сум за никого.
Сум за успешна, напредна Македонија.
Сум за секој еден да има: здравје, живот, ужте по-убаво парче леб, мир,
љубов, пријателство, да има рамноправност, иднина и шанси за секого,
место за свои идеи и талент, за добро образование за секого, отворени
граници, слободно патување и што побрзо дел од Европската Унија.
После Американската филмска индустрија и Индиската со Bollywood…..
имаме и Ohriwood.
Треба да се стави над Велгошти, горе на планина, со големи бели букви:
OHRIWOOD.
Влатко де Вриеж
Во рубриката писма се објавуваат видувања, ставови и импресии на читателите. Редакцијата освен естетскки корекции не врши измена на изнесените содржини, кои не се нејзини ставови туку пренесени мислења на авторите.