Ние сме група на грагани од МЗ “Билјани Извори”, поточно од улица Лазо Трпоски од броевите 50,50а,52,54,56,58,60 и 62 и се обраќаме преку вашиот ценет електронски медиум до Локалната самоуправа, односно  до началникот на испекциските служби Танас Танаскоски и до г-нот Бранко Арнаудов-раководител на секторот за урбанизам.

Своевремено оваа улица важеше за една од најсредените, но сега се претвори во “Шутка”. Во последниве две години околу 200 роми, најголем дел од Скопје се доселија во ова маало и бесправно изградија импровизирани куќички.


никој не го санкционира отпадот се жалат од МЗ „Б. извори“

Но тука не завршува хаосот. Во маалата никна отпад за старо железо, а добивме и јавна куќичка во соседството.

Ако некој не верува нека не посети. Во близина имаме и велелепни куќи  кои издаваат  соби за туристи, но како ќе се изврши категоризација во оваа улица и кој турист ќе дојде кога таму владее хаос?

Со почит,
група граѓани од МЗ „Билјанини извори“

Важно:

Ставовите изнесени во рубриката Ваши ПИСМА, не се ставови на редакцијата на ohridnews.com и таа не сноси одговорност за изнесеното во текстовите. Редакцијата во текстовите на читателите врши само корекции кои не ја менуваат содржината.

Од редакцијата.