Зеленилото и тревата ги снемува за да им се отстапи место на масите и столовите свадбарски. А за мостињата и кочиите колку ги има многу и да не зборуваме. Чиниш Билјана на кочии се возела. А таа во водата се уште гола стои и ја прима во себе сета скараџиска реа.
Има ли некој надлежен сево ова да го види, како БИЛЈАНИНИТЕ ИЗВОРИ се претворени во нешто грдо, кич, пренатрупано…?!
Жално, убавото се претвори во грдо, поради нечиј невкус или…
Лидија
Ставовите изнесени во рубриката Ваши ПИСМА, се ставови на читателите и редакцијата на „Ohridnews“ не сноси одговорност за изнесеното во текстовите.
Од редакцијата