Што народ ќе беше овоа македонче, ем да го тепаат ем да не му даваат да плаче, ем никако да ги проголта модерните текови на транзициска Македонија. Кога сите екс Ју републики бараа независност, ние си правевме сеир и платформи за опстанок на Југославија. Аме не за џебе, овој народ од 1014 година по легендарната битка за Македонскиот народ кај Беласица, постана многу видовит, па си знаеше со време да на бившите Ју простори си постојат пирамиди и пирамидички. Попкрај тие во Босна, имаме и во липковскиот крај, па по тој принцип ни се изнакотија безброј помали транзициски пирамидички, не за друго ,туку да има народот подобра забава.
 
Е некој ке си подзапраша, што во оваа државичка е забава ,а што политика?!!, арно ама некој,а не сиот ни напатен народ ,зошто на 70% од овој народ единствена “забава“ му е онаа како да ја прехрани својата фамилија ,како да купи сабајле леб и млеко,за месо ќе попричека. Но сето тоа е резултат на транзицијата која никако да ни помине во оваа државичка,но нејсе и тоа еден ден ке го пребродиме.
 
Коначно покрај бескрајните политички емисии во државичкава, некој се сетил да преземе светско шоу наречено ПИРАМИДА. Секоја чест за концептот на емисијата, секој чест и за водителката и за вкупната организација на истото, но секако продукцијата на Бејби во иднина ќе мора барем малку да се потруди да ова емисија ја доведе во правата нејзина смисла, а тоа е забава.
 
Во изминатот четврток двајца супер културни гости и едено надуено директорче, е тоа е веќе шоу бизнис од 1 категорија. Еден реномиран актер во европски рамки Васил Зафирчев и Александар Петрески, Градоначалник на Охрид,вложија еден куп напори да ја избегнат политиката од емисијата, арно ама надуваното директорче, на сите теми за се има одговор кој се состои само од  неговата партија ВМРО ДПМНЕ, при тоа несвесно, а не е ни да се лути народецот, во оваа држава гребаторство е главно занимање, дури и за темата алиментација ке изнакаже 500 глупости, а за киднапирањето на детето и неговиот трансфер во САД , ке биде нормално?!! Глупоста нема граници, па така се што е во рамките на ненормалното за некого е нормално.
 
Се секавам на една емисија на А1 ’ЧУМУ’,кога беше гостин екс Премиерот Владо Бучкоски.Тогаш гласањето беше супер цело министерство за одбрана гласаше за својот министер, ама и другиот ден критиките беа јавни.Но секако емитирањето на Гебелсовата пропагандна машенерија овој пат и во Агенцијата за спорт и млади беше ептем провидна.60%директорчето,31% градоначалникот и 9% актерски за Зафирчев?!! Но пародијата не завршува тука. Од Пирамида ке воспостават контакт со гласачот, кој замислите се вози во кола и радосно ке изјави дека победник е директорчето, и ако не гледала нит ја слушала емисијата , ама кај нејзе ја фасцинирало како нејзиниот директор бил паметен и добро оворел и неговиот изглед!!?? Што ти е да не гледаш  и слушаш а да СИ ВИДОВИТ, Клеопатра може водичка да им разнесува.
 
Блазе си му на Т-мобиле што пари народни си лапнаа на ова емисија за да ни го устоличат новиот ни РАМЗЕС од Агенција за спорт и млади, фараонче пар екселанс.
 
Но да го подсетам директорот на оваа агенција каде можеше овие пари попаметно и да ги искористи и да биде НАЈГОЛЕМИОТ Фараон.Додека во Македонија сите спортски сали ни се распаѓаат, додека Хотелот Магнус во Охрид веке 8 години се распаѓа а е во сопственост на Агенцијата за спорт и млади , наместо да организира партиско гласање, нека ни организира некоја обнова на погоре споменатите објекти, од причина што секој фараон зад себе остава изградена империја, па АКО ИМА ТОЛКАВА ЖЕЛБА ДА ИМА ПИРАМИДА нека истите тие ги направи во облик на пирамида, ама само да се направаат, да и рајата има некаков ќар од новиот фараон, па ако не му е тоа доста на истите така изградени пирамиди ке му наклесаме по еден шестар , агломер и тријаголник па во знак на благодарност ке го прогласиме и за Масон , и дури и Клеопатра ќе му ја исклесаме ама да ни ги исплати долговите за спорската сала во Охрид, која тие толку многу ја посакуваат и трчаат да ја преземат .Ај што не тепаат, ама што не ни даваат да плачеме !!

Сашо Денесовски
овинар)

Важно:

Ставовите изнесени во рубриката Ваши ПИСМА, не се ставови на редакцијата на ohridnews.com и таа не сноси одговорност за изнесеното во текстовите. Редакцијата во текстовите на читателите врши само корекции кои не ја менуваат содржината.

Од редакцијата.