Со ова отворено писмо би сакал да ја информирам пошироката јавност за проблемот што го имавме со приемот на елелектрична енергија, поконкретно во врска со дефектот кој што настана на ден 14.06.2016 година во зградата на Булевар „Туристичка“ бр.28.

Имено, некаде ококу 10 часот, дојде до прекин во снабдувањето со електрична енергија, поточно во целата електрична мрежа и низ сите електрични уреди кои што во тој момент биле вклучени е протечена електрична енергија со далеку повисок напон од постојниот што предизвика дефект на голем дел на електрични уреди, најмногу телевизори, компјутери, клима-уреди и други електрични апарати, во речиси целата зграда која патем речено има 32 стана.

После повикот до дежурните служби пристигната е екипа од страна на ЕВН – Македонија, дефектот за извесно време е отстранет и состојбата е делумно доведена во нормала. Во овој случај се појавија два проблеми, едниот е санирање на дефектот од реонската трафостаницадо разводната табла на зградата, а вториот проблем санирање на штетите во домовите на оштетените граѓани.

На 16-ти јуни сите станари од споменатата зграда кој што на некој начин беа оштетени со ваквата ситуација поднесоа барање до ЕВН-Македонија за обештетување на настанатата штета, по што според постојната процедура се врши проценка на штетата од страна на надлежна комисија кај секој субјект посебно, во неговиот дом или деловен простор.

Најчесто обештетувањето на странките во ваквите случаи е малку подолготраен процес но морам да кажам дека во нашиот случај дека како корисници на услугите на ЕВН сме пријатно изненадени од експедитивноста на екипата задолжена од ЕВН за санирање и отстранување на настанатите дефекти. Имено стручна екипа буквално од стан до стан на лице место вршеше поправка на електричните уреди или доколку тоа не беше возможно апаратите и останатите уреди беа земени за сервисирање. Ова е добар пример како треба да работи една компанија, за што повторно ќе кажам дека сме пријатно изненадени. Бидејќи одредени станари не беа дома за време на посетата на екипите се очекува истото да се повтори и во текот на наредните денови.

Меѓутоа во однос на санирањето на првиот дел од дефектот, морам да напоменам дека санирањето на електричната мрежа е делумно извршено и не баш на нјсоодветен и најпрофесионален начин, бидејќи покрај терасите на станарите на првиот кат поминуваат кабли којшто водат од реонската трафостаница до разводната табла на објектот, заради што како станари на зградата бараме дефинитивно да се реши  проблемот за да понатака не се повторуваат вакви и слични дефекти, а  воедно апелираме до надлежните служби на ЕВН-Македонија за почести контроли на електричната мрежа и превентивно дејствување.
 

Автор: Рајко Домазетоски

Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив