Веќе подолго време се мислам кому да напишам писмо за тоа што ми пречи во мојот град….и поради тоа што ќе требеше да напишам можеби стотина писма се решив писмото да го пратам тука.

Е сега, што ме мачи мене?!?…а што не ме мачи…еве и сега се мачам како да го напишам писмото….ама ич веќе не ми е гајле шо кој ќе мисли…оти од се ми е преку глава. Каде човек да се заврти има некој проблем….па да почнам

1. Ме нервира движењето коли и непреземањето ама баш ништо ….на пешачката патека до Горица
2. Изградба на онаа глупост во Горица еден
3. Малверзциите околу школските униформи (морало да бидат плаво бели…демек охридски бои….а за цена и квалитет да непрам муабет)
4. Воведување на религии во школите во ерата на компјутеризација (а бе…факултативно е….ама мораш)
5. Секогаш школските екскурзии да ги организира една иста агенција
6. Полигонот зошто не им се враќа на децата да спортуваат
7. Зошто секогаш оние во општината (и  локалните пратеници исто) мислат само за свој џеп и за партијата, а не за градот во кој живеат.
8.Зошто има дупки по улиците
9. Зошто тротоарите не се за пешаците туку за колите
10 Зошто зградите кои се градат немаат задолжителни зелени површини и паркинзи
11. Зошто се гради и кај што треба и не треба
12. Зошто се уништува она малку зеленило што го имаме во градот за атер на ситни интереси….(а и крупни може да се рече)
13. Зошто се пренатрупаа вработени во општина, Водовод, Комуналец….а никој ништо не работи (за време на пауза сите се со најлончиња од на пазар)
14. Бучавата во летните ноќи е ужасна
15. Наплатувањето паркинзи и влез на плажите (синкир езерото е од татко им)
16. Високите цени на пазарите, рестораните и кафиќите ( ги отепаа туристите…а за нас граѓаните на Охрид не е ни важно…ние и не одиме таму….)
17 Таксистите кои пљачкаат туристи
18 Празната сала на спортските натпревари
19 Гнасотијата во каналот Билјанини извори
20 Ресторанот во Билјанини извори……кој секој ден се повеќе и повеќе се шири (како е тргната работава ќе дојде до мостот за некоја година)
21 Оној панаѓур преку лето на кејот (да не може човек да помине по патот….)
22 Хотел „Палас“….за греота…(ако не знаат шо да му прават нека ми го дадат мене)
23 Таканаречено ПТТ школо….уште еден објект кој некој чека да го лапне

…Веќе се заморив и изнервирав ….од набројување, ама ако ништо….ми олесна на душава!

Васо

* Ставовите изнесени во оваа рубрика се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.