….Притисоци да. Соблазни, уште какви.
Меѓутоа едно останува вистина од која колку што ќе минува времето, ќе покаже, дека од неа неможе да се бега. Во животот е само вистината. А единствено врз вистината може да се гради нешто трајно и вистинско.
И прашање за вас г-н. Градоначалник. Што е борчлија? И со што Ве задолжија луѓето кои ќе ве советуваат за економски прашања, кои Ве пратат како декор на сите селски и градски прослави, кумства и сл? Ја познавате ли нивната летечка превртливост и дисциплина за плукање во далечина? Донеодамна беа уфрлени во редовите на владејачката партија. А со економија знаете колку имаат допирни точки? Колку јас со управување со летала.
И сега за борчот. Се нема образ па се бараат рачки, начини да се протурка долгот во перспективите на новосоздадените реалности и соодноси. И еднипати, Вие и Вашите советници, одите дотолку, што се дрзнувате работите да ги претставите како Вие тројца сте загрозени, како некој од Вас постојано да зема и како со закани Ви дише во вратот, и немате душа па страдате. Почитувани “пријатели”. Размислувате ли какво неверство правите, политичко. Најтешката, најнеобјаснета категорија во нашето секојдневие.
Ве потсетувам мои пријатели, во животот се е двојно, но понекогаш треба да се знае како се јади пица и како се чува даденото од пријателот.
Со надеж дека се препознавте и препотивте.
с. Оздолени – Охрид
Важно:
Ставовите
изнесени во рубриката Ваши ПИСМА, не се ставови на редакцијата на
ohridnews.com и таа не сноси одговорност за изнесеното во текстовите.
Од редакцијата