(Едно размислување за еколошките состојби)

Од кога постои светот има чесни и нечесни луѓе, хумани и зверови , храбри и кукавици, луѓе што гинат за вистината и идеалите и луге што газат преку лешеви за да дојдат до позиција. Времето минувало и ќе минува, меѓутоа состојбите со човештината, секогаш останувале исти и додека постои веков ќе биде така.

Едно е сигурно, човек неможе да биде и едното и другото и да виси во меѓупросторот, тој е чесен, добар и маж или е нечесен, кукавица и валкан и од неговата реа бегаат сите како од ѓаволот.

И што се случува кога една таква личност од чија духовна смрдеа се задушува обичниот народ се обидува да се заштити, споредувајќи ги другите со смрдливо губре? Апсолутно ништо, бидејќи нема храброст да излезе и јавно да одговори на обвинувањата, за кои доколку се невистинити постои суд. Зарем некој го попречува да ја каже својата вистина или можеби таа може да се најде само во неговата глава и во џебовите полни со народни пари.

За какво рециклирање говори валканиот човек ? Зарем мислат дека сите гнасотии со кои им се полни нивните празни души можат да се рециклираат со изјави и после тоа да излезат како нови , со мирна совест и што е најважно чесни ?

Како и многуте проекти на неспособни самобендисани пацери и оваа идеја е голема глупост, бидејќи човечката душа за жал не се рециклира, таа е една и единствена, непроменлива и неможеме да ја замениме ниту со тендери. Единственото што можеме да го направиме е да бараме прошка за сопствените гревови. Но гревовите може да му ги прости само господ, а прашањ е дали тоа ќе го направи и народот.

Да беа паметни како што сакаат да се прикажат во напишаните текстови, подобро ќе беше да премолчеа ама изгледа имаат повеќе мерак да плукаат во празно, со смрдливи лигавици, кои им се враќаат како бумеранг.

А, со мелењето, сецкањето и рециклажата нека ги заплашуваат другите, бидејќи тие не им можат ништо на честа и професионалноста, уште помалку на смелите луге, кои и понатака на јавноста ќе и ја изнесуваат сета гнасотија што неукиот, неупатениот и големиот манипулатор ќе им ја сервира на граѓаните.

ДЕЛАТА И ЧЕСТА ГО КРАСАТ ЧОВЕКОТ !

Гoран Пржин

*Ставовите објавени во
рубриката „Писма“ се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не
сноси одоговорност за изнесеното во истите.