Димче, дојди. Ела ваму!
´Зошто тато?´
Седни и слушај. Од утре ќе ти го сменам името. Од утре ќе си друго дете! Ме слушаш? Дали ме свашташ?
´Тато, случајно да не си пијан?´
Димче, озбилен сум сега. Стварно, најискрено. Од утре ти ќе се викаш: Мартин.
Мартин Илоски.
Све и свашта или нешто и ништо
Ако не се согласуваш тогас ќе ти го земам мобилниот, плеј стејшннот, опремата, ај-подот, лаптопот, точкот, водениот душек, сатот, скутерот и немат в година ко ќе наполниш 18 години да го возиш џипот. Одлучи што сакаш. Све и свашта
или нешто и ништо?
´Мартин? Јас сум Димче! Димче Илоски!! И јас имам право на збор.´
Сине, уште не си возрасен. И до тогаш друг одлучвит за тебе. Јас.
Димче ко Димче
´Ама зошто. Зошто, сакаш да ми го одземеш идентитетот. Зошто сакаш да ме унистиш.
Зошто требит да се викам Мартин?´
Зашто не си умен. Некој работи не ми одговарет. Јас ти сум татко. Јас те ранам, јас те облекувам, јас те израстив. И морат да ме слусаш. Јас сум главен на фамилијата Илоски. Иловци од Врбјани. Како ќе речам јас, така ќе направиш. Ако сакаш џепарац за викенд, ако сакаш в година Алфа Ромео, ако сакаш да студираш во Лондон, ако сакаш Пепе џинс, Прада чевли, летување на Куба …. ако сакас се што ти сакат душата тогас послушајме и согласисе со новото име.
´Ама тато, секаде сум запишан како Димше. На фудбал, на кошарка, на музичко, на пливање. Сите женски ме знаат како Димче. Димче од Амстердам. Димче со моторот. Димче од Холандија…..Димче ко Димче. Во сите институци, во администрација, во осигурување, секаде сум регистриран како Димче.´
Немат дискусија Ти си од утре Мартин.
´А што ако не сакам да го сменам имево?´
Тогаш ке си видиш, ќе се кајш.
´Например ако речам ок, добро. Мартин. Тогаш сепак сите ќе ме знает како Димче. Значи џабе да ме прекрстиш. То му е толку влезено в глава кај сите. Новото име Мартин немат да имат ефект. Ќе имат повеќе вознемиреност откако возбуда.´
Мартин, еееехххх…..извини Димче. Подобро за тебе и за нас е да ти го смениме името. Со името Димче не ќе си успешен. Мартин звучит повејќе нтернационално, светско. Сите врати ќе ти се отворат. Слобода и отворени граници.
Шприцер или чисто вино
´Тато, ти си хипнотизиран со Макендонско-грчкиот конфликт за името. Остај ме мене да сум Димче.´
Димче, ајде покажи дека не сум во право. Дојди со добри аргументи.
´Тато, една работа не ми е јасна. Нападот е најдобра одбрана. Македонија треба да оди во напад, да не бидит скромна. Зошто само Грција требит да се слушат во меѓународната политика, зошто тие само смеат да одлучвет, зошто? Затоа што се во Европска Унија? Тие имаат дел од Македонија, исто и ние. Тие во Грција. Ние во нашиов дел, поранешна Југославија. Така одлучиле поранешните власти и историјата. Зошто Грците сакаат да пијат чисто вино а зошто ние требит да пијеме шприцер. Зосто не смејме и ние да пиеме чисто вино? Требит од двете страни во овај слуцај да се почитуваме и да сме рамноправни…
Те слушам, синко, те слушам…..слободно продолжи…..
North and South Macedonija
´Тато, нели постојт Севрна и Јужна Америка, Јузна и Северна Кореа, Северна Ирска и Ирска. Македонија требит да влезит во разговори со нова тактика. Нели Европа и светот се за рамноправност, за искрен диалог и за мир. Тогаш македонската делегација во преговорите со Грција требит да предложит компромис: Северна Македонија и Јужна Македонија….Од двете страни ќе бидит 50%-50% Подобар компромис немат.´
Синко.
´Да, тато.´
Стално знаев дека си паметен. Личен на тато. Димче. ДИМЧЕ ИЛОСКИ. А пак не сум сигурен со тој шприцер твој. Вода и вино. Не е то то. Ние дома ќе си пиеме чисто вино. Сите. Секој еден во државава. Ко стално. Бело и црвено. Ама и шприцер мамит, слатко е . Незнам како ќе ме сватиш.
V. de Vries,
Amsterdam-Holandija.