Почитувани граѓани на Република Македонија, почитувани припадници на политичките партии, независно од својата национална припадност, невладини организации, јавни државни или локални институции, органи и тела. Деновиве сведоци сме на се поголеми политички меѓупартиски превирања во Рeпублика Македонија. Забораваме на еколошката одговорност што ја имаме за Земјата Планета.
Денес, 22-ри Март е голем еколошки ден, кога треба да му се посветиме на водените ресурси на Земјината Планета и водените ресурси во Република Македонија. Со одлука на ОН за првпат службено, 2011 година е прогласена за меѓународна година за заштита на шумите во целиот свет. Тоа е резултат што шумските зелени појаси имаат широк спектар на еколошка заштита врз Земјината Планета или одредена животна средина.Тоа е одраз што климатските промени многу побргу можеме да ги почувствуваме ние граѓаните како припадници и жители на Земјината Планета.
За потсетување: На Земјината Планета има 1,6 милијарди км3 водена површина. Од неа 99,5% припаѓа на солената вода, односно морињата и големите океани. Само 0,5% припаѓа на слатката вода или вода за секојдневни употреби на граѓаните. Тоа е вода која се користи за потребите во аграрот, производствено-технолошките процеси и вода за потребите на хидроцентралите во процесот на производство на електрична енергија. Сево ова укажува на тоа дека мораме со слатките водни ресурси одговорно да работиме при нивната употреба, а еколошки совесно да се однесуваме спрема шумските зелени појаси.
Денес Европа и Светот од безбедносен и политички аспект се соочуваат со голем бегалски проблем. Со климатските промени од еколошки аспект ќе биде помасовен и крајната дестинација ќе биде Балканот, односно поранешните ЈУ простори. Недостатокот на вода за пиење ќе биде најголемиот виновник за големите миграциони движења во целиот свет. Економски јаки и моќни држави во светот ќе бидат земјите кои располагаат со огромни количини слатки водени ресурси.
Независен екологист
Лазо Наумоски
Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив