Помина Советот на Министри на Европската Унија на кој што Република Македонија доби поддршка за продолжување на успешните реформи и уверување од лидерите на членките на земјите од ЕУ дека во блиска иднина земјата  ќе стане член на европското семејство. По дводневната дебата Советот на Министри одлучи за одредување на датум за започнување на преговори со Македонија ке се разговара следните 6 месеци за време на Шпанското претседателство со ЕУ.
   
На оваа средба, се случи една многу важна работа.  Тоа што Европската унија за прв пат во својата 60 годишна историја стана заложник на националистичката политика на една нејзина членка и беше потчинета пред националистичките и налудничави политики за сметка на демократските интереси на ЕУ за коишто и сама се залага во нејзината агенда. На тој начин Европската Унија во очите на македонците остана да биде лошиот коментатор на евроинтеграцискиот процес на Македонија, на сметка на заложништвото на грчката политика. Со тоа Грција избегна уште една тужба во меѓународниот суд за правда од страна на Македонија, затоа што овој пат, за разлика од Букурешт, не го употреби своето право на вето туку, по пат на тивка дипломатија влијаеше врз решението на советот на министри.
   
Според тоа Македонија останува во една неутрална зона, на добивање на позитивен извештај од Европската Комисија и неодредување на датум за започнување на преговори, што претставува единствен и прв случај во историјата на Европската Унија. Најблиску до нашата позиција, но една скала понапред е Турција којашто има започнато преговори за членство во 1987 година, но сеуште тие преговори не се завршени. На Македонија не и игра голема улога дали ќе започне преговори или нема да започне, затоа што и  да започне преговори, Грција секогаш може да ги блокира со својата алатка “вето”. Или пак не мора да ја користи таа алатка, а да ја уцени европската унија како на вчерашниот совет на министри, а со тоа Македонија да не може да стане полноправен член на ЕУ се додека Грција не го дозволи тоа. Значи, ние ако сакаме да сме член на ЕУ, а анкетите велат дека 90% од граѓаните сакаат,  пред нас останува единственото или да чекаме да се смени уставот на ЕУ, а тоа е скоро невозможно и би се случило најрано после неколку децении или да успееме да најдеме решение со Грција за нивниот проблем со нашето име.  Цела политика на Република Македонија со Европската Унија, која што започнува уште во 1991 година, продолжува со потпишување на договор за трговска сорабитка, договор за стабилизација и асоцијација и се гради и темели на демократските начела на ЕУ, доближување на Македонското со Европското Право, се сведува на желбата на Грција за промена на името, а со него идентитетот, топонимите, јазикот итн.
   
Прашањето е што понатаму, каква национална стратегија да направи Македонија за решение за името, каква ке е реакцијата на граѓаните на Македонија, дали ке има политичка криза и предвремени избори? Прво, недобивањето на датум за преговори беше очекувано и не би требало тоа до доведе до внатрешна политичка дестабилизација и предвремени избори, но опозиционите партии гледаат во тоа шанса за да докажат колку е инертна власта, колку не може да се справи со проблемите и дека испушта животна шанса. Сето тоа може да резултира со мала и незначајна промена во рејтингот на партиите, а тоа е далеку од предвремени избори.
   
Второ, Македонија е чекор понапред од Србија, Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина во евроинтеграцискиот процес, но има тековен проблем со Грција која ја блокира евроинтеграцијата на Македонија. Се поизвесно е дека ЕУ ке започне еден нов процес на разширување, а тоа ке се сите замји од Западен Балкан во пакет. Затоа што ЕУ знае за проблемите на етничките заедници на Балканот и која и да било од овие Балкански држави да заостане во евроинтеграцијата, би можело да доведе до блокада од друга соседна држава која веке станала член на ЕУ. (Пример и Македонија би можела да ѝ даде вето на Србија, ако Србија не сака да ја признае МПЦ.)
   
Според оваа ситуација, сега кога е позната црвената линија на Грција, и Македонија треба да ја објави својата нацонална стратегија за спорот со Грција за името. Ако досега се калкулираше со тоа, време е ние како граѓани, европските лидери и Грција да ја дознаат нашата национална стратегија. Да ги продолжиме преговорите под покровителство на ООН и доколку има воља за отстапка од страна на Македонскиот народ за името и доколу нема друг излез, по пат на референдум да се промени името на сметка на евро-атлантските интеграции затоа што се од огромно значење за меѓуетничката и пред се економската стабилност во Македонија. Исто така треба да бидеме внимателни во односите со нашите соседи, затоа што во полседно време сме сведоци на негативни пораки од страна Албанија, Бугарија и Србија кои можеби во некои случаи ние сме ги засегнале на еден или друг начин.

Јован Наумовски