По соопштението на Здружението на египќани на Република Мaкедонија, во која меѓу другото се тврди дека Преамбулата на највисокиот акт не гарантира права и слободи, а во продолжението на текстот е наведена мојата личност, благовремено согласно законските прописи ги демантирам тврдењата на оваа невладина организација за која имам основно сомневање дека не е став на истата, туку став на одредена личност.
Ја известувам Целокупната јавност дека ќе поднесем кривична пријава за навреда поради нарушување на мојот углед и чест, како и клеветење, согласно Законот за кривична постапка.
Легитимна акција е да се даде иницијатива за влез на Египќаните во Преамбулата на Уставот, а истата акција својот легитимитет го црпи од доброволно дадената подршка на граѓаните кои сега ги има над 2000, а тоа е добар показател дека ќе продолжиме со истата во една законски запазена процедура.
Во таа насока, на сите ни е јасно дека Преамбулата има само декларативен карактер, но истовремено истата е и генератор на низа дисриминаторски позиции, особено кога се во прашање Египќаните и помалите етникуми. Секако за поздравување е донесувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација, но тврдам дека на долгорочен рок единственои решение за рамноправност на Епќаните е нивниот влез во Преамбулата на Уставот на Република Македонија.
И на крајот дозволете ми да потенцирам дека ниту имам ниту ќе дозволам да имам некои политички ментори, бидејќи никому не сум му политички должник, туку тоа е обратно. Ако некому му пречи мојот висок политички рејтинг ова не е мој стил на дебатирање и ова е последна моја јавна реакција.
Демир Далип
Претседател на Иницијативниот одбор
за египќанско национално единство