Податоците што ги слушнав на вестите ме зачудија, ме вознемирија, ме збинија и не можев да се помирам со фактот дека во нашата Република Македонија во 21 век, на 2.000000 жители имаме, 2000 деца кои денот го поминуваат на улица, 1.500 деца без изводи од МКР и дури 18.500 деца надвор од системот на образование.
Народе што ни се случува!!??
Имаме Министерсто за образование, Министерсто за социјални работи -социјални служби во сите градови, други институции, невладини организации…а 20.000 деца не се згрижени.
Ако младите (оние што останаа тука) создадат многудетно семејство каде ќе ги растат децата, на улица ли?
Навистина не можам да разберам, на толку вработени во државната администрација (вклучувајќи ги и општинските админстративци) толкав број на деца да немаат извод од МКР или да се надвор од образовниот систем.
Ако некој може да ми го објасни ова и да најде оправдување зошто е така, нека повели.
Авторот познат на редакцијата
*Ставовите изнесени во рубриката „Отворена“ (Писма-Колумни) се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.