Деновиве се погласни стануваат кампањите на Владата и на поедини пратеници да во Охрид се градат елитни хотелски објекти,со некој, наводен странски капитал.Супер,демек ќе има нови вработувања, ќе биде поатрактивен Охрид како меѓународна туристичка атракција и бла,бла бла.Некои на ваков мамец добро ќе затрзаат,но има едно но и ако,а тоа е: но ако има владата сопствено земјиште ,и ако истото не е предмет на некоја си денационализација,поточно ,ако тоа е се имотно правно регулирано. Но колкави се објективно реалните потреби на Охрид и околината за вакви објекти?Да, има потреба но не од толкав обем како што сака владата од следните причини:
-Во Македонија најголем туристички центар не претставува Охрид ,туку Скопје,ако некој не верува нека ја спореди статистиката по бројот на нокевања во Р.М. и ќе се уверите дека 70 % од нокевањата се остварени во Скопје,бидејќи хотелите во Скопје работат 365 дена во годината,додека во Охрид туризмот ни се сведува на нецели 45 дена летна туристичка сезона, па после тоа мал е приливот на гости на таканаречен ’конгресен туризам’,и на мал дел пролазни гости.Секако ќе се постави прашање зошто е тоа така?Но не затоа што во Охрид нема хотели за елитен туризам, ги има како што се ’Инекс,Белви,Метропол,Милениум Палас’и други помали хотели кои нудат добар прием,но секако најголемиот промашен туристички удар во охридскиот туризам е криминалната приватизација на најголемото туристичко претпријатие ’ПАЛАС’.Од ова организација која ги имаше најатрактивните објекти на Охридското крајбрежје го имаме следното: ругло на сред град опкружен со тараби во централното градско подрачје наречен Хотел Палас,што со години наназад претставува срам за Охрид и Македонија, своевремено елитната градска кафеана ОРИЕНТ претворена во Бинго и мочалник, некогашен елитен ресторански дел Летница заштитен како споменик на културата, а сега не се знае ни која ни каква му е содржината,Еден некогаш прекрасен комплекс Десарет во Пештани,кој од ден на ден пропаѓа,и сега наместо државата овој недомаќинлак да го прекрати ке ни прави нови хотелчиња…!!!!!!!!
Пред извесно време еден господин парламентарец,на една локална телевизија ,во една пародична емисија, ке даде изјава дека Охрид и Охридско има потенцијал,при тоа ке го посочи Љубанишко поле како најдобар локалитет со најдобра плажа каде треба да се изгради хотел.Не е да му замериш за глупоста можеби незнаел, или пак некој добронамерно го дезинформирал.Но за да се укаже за во иднина да не се трескаат глупости ќе го изнесам следното.Љубанишко поле,започнувајки од манастирскиот комплекс Богородица Захумска кај Заум ,заедно со пештерските цркви,или монашки ќелии посветени на Св.Петар и Св.Павле,до манастирскиот комплекс како средишен дел кај СВ Наум со црквата која ја изградил Св.Наум во чест на СВ Архангел Михаил,па се до Лин во Албанија преставува археолошки локалитет од прва категорија заштитен со закон за културно историско наследство попознат под името’РАИЦА МАНАСТИРИШТА’или ако сакате и друг поим КУТМИЧЕВИЦА’.На оваа место и на овој локалитет каде и да поткопате ќе пронајдете базилика или пак остатоци од конаци,и наместо вториот Плаошник да го отвориме од археолошка културна страна ,да се отвори душата на еден од најголемите светци Св.Наум,нешто што за историјата на христијанството во светски размери досега е невидено ,да се отворат лечилиштата на најголемиот исцелител и чудотворец,да се открие душата на најголемата препишувачка и творечка школа во христијанството ,некои по трката за лесен профит спремни се да и овој локалитет го жртвуваат ,како што беше и за време на изградбата на автокампот во Љубанишко поле кога машините ја опустошија и во неповрат ја оставија една прекрасна базилика.Ако на Плаошник преку годината тоа чудо на историјата го посетуваат 200000 туристи , сигурно и ако на овој локалитет му се даде таково значење ,тогаш ќе имаме 500000посетители – милиони ,и ќе бидеме горди како македонска нација,со корен и традиција.
Друга зафрканцијаа околу изградбата на хотелите е таа дали Охрид е спремен инфраструктурно да ги издржи сите тие нови хотели ,ако се знае фактот да при помали врнежи на дожд Охрид е поплавен,зошто не функционира колекторот поради преоптоваренсот ,дали снабдувањето со ел.енергија на тој потег е возможен или ќе треба повторно да ги прекопаме сите улици,па дали депонијата на Буково ќе ни е доволна да го издржи тој силен одпад или ќе ни се тогаш потребни три такви објекти за ширење на смрад и зараза.Крајно ние не сме сопственици на Охридското Езеро,туку тоа е позајмено од идните генерации,и неможе и нетреба Охрид да се претвори по секоја цена место за уживање на пет шест лица од македонската транзициона машинериија,туку Охрид припаѓа на сите народи како центар од каде што излегол првиот универзитески образован човек во Европа,место од каде што се ширело христијанството. Ниту еден град во светот во својата историја немал 365 цркви ,за секој ден по една на толкав мал простор.
Крајно, колку и да се споредувамме со Црна Гора ,мора да признаеме дека Црногорското приморје имало и така се развивало во бившата СФРЈ капацитет сместувачки од 150000 легла ,а самиот Св.Стефан како најатрактивен има капацитет од 100 легла,а само за пример словенската плажа во будва е долга 3,5 км,така да ние не треба да се споредиме со нешто што нее за споредување,и се она што сега се гради во Црна Гора се гради во поранешните воени зони кои беја под команда и јуриздикција на ЈНА,а фекалиите се сливаат во Јадранот.Арно ама Јадранскиот базен не е вода која во иднина и сега може да се користи како базен за чиста вода за пиење ,е таа е разликата.
Сашо Денесовски
Важно:
Ставовите изнесени во рубриката Ваши ПИСМА, не се ставови на редакцијата на ohridnews.com и таа не сноси одговорност за изнесеното во текстовите. Редакцијата во текстовите на читателите врши само корекции кои не ја менуваат содржината.
Од редакцијата.