Најмалку 10 пати сум побарал да ми се изврши маркирање на стари и паднати дрвја во мојата нива над с. Пештани . Трагедијата да е уште поголема дел од тие дрвја се веќе покршени од старост и истите некој похрабар од мене си ги собрал за себе.
На моите барања за да извршам маркирање на моите дрвја во мојата нива кои по закон ми следуваат одговорните од Националниот Парк Галичица креваат раменици и ништо не ми одговараат за тоа што им е одговорност и работа. Дали има некој кој малку мисли на овој народ или само е важно лажењето по телевизиите и радијата дека тие ја скршиле мотиката од работа ама фатило невреме и затоа нема род.И дали има уште будали да веруваат.
Не знам само кој си поигрува со нас со жителите кои живееме во паркот. Дали тоа за нас треба да е мачење зошто некој не сака да си ја заврши работата или само едноставно си поигрува со нас.
Дали сме приморани да трпиме се и да молчиме . Едноставно барам да се почитува законот за кој треба да важи за сите во државата макар тоа биле и жителите кои живеат во просторот на Националниот Парк Галичица и повикувам -Дајте ми ги моите дрва.
Симоноски Р. жител на село Пештани Охрид