Сигурен сум дека сите граѓани на Охрид размислуваат за иднината на градот, имаат свои идеи но, или немаат каде да ги пласираат или не наидуваат на подршка од оние кои треба да ги спроведат. Сум разговарал со повеќе лица (наши и странци) кои можат и сакаат да го дадат својот придонес за Охрид но треба некој да ги покрене тие работи а одговорните во градот и државата да ги реализираат. Но, да не должам, накратко ќе Ви наведам некои работи за кои мислам дека во иднина треба да се размислува, а јавноста, односно граѓаните на Охрид преку пишување и размена на идеи да придонесат за реализација на истите. Нештата треба да се променат. Народот, граѓаните нетреба да чекат некој да му каже што им треба туку ние, граѓаните треба да излеземе со барање што нам ни треба за да го подобриме квалитетот на живеење сега и  во иднина.

Изградба на парк-Светско Село

Од разговорите што се слушаат во чаршијата, во просторот  од канал Билјанини Извори до Хотел парк се планира изградба на хотели и други објекти (иако е строго заштитена зона) со што би се нарушил еко системот, односно многубројните извори во тој дел би се затвориле.

За да не дојде до тоа, бидејќи Охрид е еден од ретките градови кој нема класичен градски парк,  сите ние треба да настојуваме таа зона да остане заштитена односно во тој дел да се изгради еден од најубавите паркови на Балканот:
–    Да се отвори и прошири постоечкиот канал кој од едната страна во близина на Хотел Парк ќе се поврзе директно со езерото а другиот дел со каналот Студенчишта некаде над објектите на Воената единица лоцирана во тој дел,
–    Да се изградат неколку мостови на истиот канал и помали мостови на другите канали низ тој простор,
–    Да се изградат тениски терени од кои еден главен со трибини каде ке може да се организираат тениски турнири,
–    Да се изградат неколку помали езерца меѓусебно поврзани,
–    Да се изгради детско игралиште со сите потребни реквизити,
–    Во делот покрај патот Охрид-Пештани, Општината, односно државата да отстапи одреден простор на странските амбасади каде би секоја амбасада-држава изградила типична куќа за таа држава, со среден двор, а некаде во средината еден објект заеднички за сите каде би се собирале гостите.
–    Во другиот дел да се изгради тартан патека во неправилна форма  со широчина од 2 метри (низ простор оплеменет со вегетација) со две прави делници од 100 односно 200 метри каде би тренирале наши а секако и странски атлетичари-репрезентации кои би доаѓале на припреми.
(ова е само дел од содржините)

За сите овие работи но и други секако дека се потребни големи средства. За да се заштитат изворите при изградбата на патеките и терените ќе мора да се користат решеткасти блокови за нормален протек на водата во комбинација со дрво. (Тука  своето мислење треба да го кажат стручните лица за градба и еколозите) Што се однесува до финансиските средстава, сите држави кои ќе го подржат проектот и кои ќе градат објект самите ќе ги сносат трооците за тоа, во секој објект ќе вработат лице-домаќин а ќе издвојат и други средства за реализација на проектот. Оваа идеја многу му се допадна на еден мој пријател-дипломат од земја пријател на Македонија кој изрази спремност да застане зад идејата и да помогне во реализацијата.

Изградба на Северниот Булевар

Улицата Железничка која ќе преставува обиколница за туристичките населби за неколку години ќе стане тесно грло. Заради тоа но и за растоварување на потесното градско подрачје од понатамошна градба, треба уште веднаш да се превземат активности за изградба на Северен Булевар кој ќе почнува од клучката на влезот во Охрид и ќе се движи низ засега не населениот дел покрај с.Орман, Лакочереј до Косел. Со изградба на оваа сообраќајница ќе се поврзат овие населени места кој ќе станат атрактивни за градба како и по должинта на булеварот од каде за само 5-6 минути ќе се стигнува до центарот на градот. Воедно, со изградбата на овај булебар би се регулирала Коселска Река и никогаш нема да дојде до излевање и поплавување на градските населби.

Деновиве слушам дека Црвениот Крст спрема некое кајче (бротче) кое ќе треба да изгледа како санитетски брод…

На проблемот спасување треба дам у се пријде многу сериозно а не со приучени луѓе, со никакви средства и техники и без вклучување на сите чинители на ланецот наречн безбедност.

Години наназад барав ова прашање сериозно да се разгледа, барав состанок со сите субјекти кои треба и можат да дадат свој придонес на овој план но никој не размислуваше сериозно за ова а во меѓувреме се случија некои работи кои, ако ние бевне поорганизирани можеби и немаше да се случат.

Затоа, потребно е во најскоро време да се формира едиица за спсување на вода и копно (објекти на АРМ до каналот) каде дваесетина добро обучени и опремени луге секојдневно ке тренираат. Тој центар да стане обучен центар не само за нас туку и за околните земји и  голем дел од потребните финансиски средства сам да ги обезбедува. Бројот на жителите на Охрид се зголемува, се побеќе странски туристи престојуваат во Охрид, има големо присуство на плобни објекти (скутери, глисери) се појавија параглајдери и др. со што се зголеми можноста за несреќи (како онаа со бродот и многуте примери во Светот) со што формирањето на ваква единица е се поиздржано. Да не заборабиме дека Охрид има свој аеродром а тој гравитира на вода-Езеро со што според конвенцијата на која е потписник Република Македонија, обврзани сме да ги превземеме сите мерки за, недај боже, несреќа на воздухоплов во вода. Пред повеќе години за да покажеме дека работиме на тоа, се изготви план за преземање мерки при ваков инцидент но сето тоа остана на хартија и никакви други мерки не се превземени.
 
Во тоа време, во разговор со еден мој пријател од Франција(претставник на ОБСЕ) му го изнесов проблемот со кој се соочуваме во поглед на немање опрема и објети за дејствување на вода, при што тој изрази спремност да посредува кај неговите власти во Франција за, на Охрид да му подарат  еден пловен овјект-противпожарен-санитетски брод зошто, како што рече, во Франција имаат многу а ние треба само да се обратиме со едно такво барање. Еве еден пример од кој може да се види како течат работите кога нема координација помеѓу службите и кога не се јасни надлежностите:

На Бадник 2006 година од страна на албанските погранични органи бевме известени дека на превојот Галичица има завеано патничко возило со пет лица. Постоеше опасност тие лица да замрзнат поради што јас се јавив до надлежните служби во Охрид: Локална Самоуправа, ЦУК, Македонија Пат и со двајца полицајци тргнав на Галицица. Патот беше замрзнат а како се наближувавме до врвот снежната покривка беше се поголема за да на врвот достигне до 50 см. Во меѓувреме контактирав со одговорните на овие служби но еден по еден откажуваа со образложение дека имаат возило но немаал луѓе и обратно, дека не се надлежни за тој пат и сл. Останавме сами. Излеговме од возилото и после долго осматрање и одење пешки низ снегот забележавне две, веќе слаби, светла од возилото. Професионалниот возач успеа со многу маневри некако да се доближи на 50 метри до возилото а јас со другиот колега  со лопати   го расчистувавме снегот. Дојдовме до возилото кое од десната страна веќе беше завеано а во него имаше двајца мажи и три жени-албански државјани. Со фортомата која ја понесовме го врзавме возилото и со наша помош,  со голем напор успеавме да го извлечеме. Проблем беше слегувањето по заледениот пат но успеавме да се спуштиме и заедно со нив заминавме до граничниот премин. Луѓето ни се заблагодарија, покасно и пограничната служба  искажа благодарост а малку фалеше ние да бидеме казнети што сме ги превзеле тие активности. Ете, заради вакви случаи треба таква единица со стручни лица и соодветна опрема.  

На спортски план Охрид е на најниско скалило што претставува срам за градот и нас самите а можностите то да се промени се големи.

–    Во Охрид нема фудбалски тим во првата лига што е срамно не само за Охрид туку и за регионот. Недомаќинското работење во клубот доведе до оваа состојба а треба да се направи многу малку за да се врати екипата во првата лига и да се врати публиката на стадионот.
–    Во Охрид веќе егзистираат повеќе средни школи и факултети. Нели може да се организира лига во кошарка, во мал фудбал, ракомет  и др. и да се створи ривалство помеќу школите кое пак ќе доведе до квалитет. Овде посебно е интересно и лесно остварливо формирањето на кајакарски тимови од овие школи и факултети кои покрај уцеството во натпревари низ државата еднаш во годината по принципот на Оксфорд и Кембриџ би ги одмериле силите овде во Охрид. Сметам дека, посебно факултетите, можат многу лесно да ги покријат трошоците на екипата бидејќи повеќто се приватни а успехот на нивната екипа ќе го користат да привлечат студенти.

Ако размислуваме на иста линија а убеден сум во тоа, дајте да пишуваме да ги разменуваме мислењата а можеби некој од одговорните ќе ги прочита а можеби некоја идеја ќе им се допадне, кој знае, ние да го сториме нашето како граѓани кои го сакаат  и кои Охрид во иднина го гледаат како европски град каде граѓаните и гостите ќе уживаат во убавините на градот, ќе ги задоволуваат своите потреби, односно ќе уживаат утре, во она што ние ќе го направиме денес.

Со Господ напред да се слушаме и читаме и да се надеваме на поубаво утре.  

Илија Магденоски