Легендарниот Американски рок пејач Bruce Springsteen, “The Boss”, во Охрид? Како љубител на неговите албуми одамна го запознав Springsteen со нашиот свет Охрид.

Тој има природен впечатлив груб автентичен глас. Тој ми е лек кога ќе ни заврши просечниот летен одмор, после разделбата со фамилија и пријатели. Постепено летните планови за “релаксирање“ во Охрид се формираат. Ама јас  веке се мислам на крајот од одморот. На излезот од Охрид мирувам со Bruce Springsteen. Се борам против солзи. Влажни очи остануваат со почит за убавината во татковината и сите најмили мој во Охрид. Пред бензинска ги гледам во ретровизор тврдините. Springsteen  ме влечит, ме мотивира, ме турка низ тие тешки, проклетни километри. Чао Охрид. Чао Македонија. Збогум. “My hometown” (Mојот роден град) од Springsteen  лично за мене е  нешто прекрасно. Посебна мелодија. На мирните тонови можеш сам да си направиш свој текст, со свои чувстваосет, своја тема. Штета само до Подмолје. Тогаш е крај на 9-та песна од цд-то. Веќе го знам цел текст ама си правам своја варијанта од My hometown…. Мојот Охрид, „мојот роден град“ ,  благодарение на Bruce Springsteen инспирацијата би звучело од прилика вака:

Се мислам како би изгледал мојот живот ако таткоми во 1970 година не ја оставил неговата омилена секира, магарето и  не се снајдеше со пари за да фати странство. Што ако го промашеше локалот во 7 чатот и не поминеше на тестот од холандските бизнизмени што беа специјално дојдени во Охрид да бараат млади, јаки, школовани, способни мажи. Што ако не направеше таткоми тој ден успешен триаголник од слаби дрва пред странските газди. Тука во тие клучни минути. Неговата среќа зависвеше од штичиња, слаба пила, шајки, неговата креативност, контрола на нерви и подготвеност. Се снајде. Со раце, зборови и со мозок.

Ама како и каде ќе израстев јас во таа бивша Југославија ако не му се укажеше шансата за нов живот. Во родното село? Без асфалт, без купатило, без вода од чешма? Во феноменална здрава планинска чистота и воздух. Со крави, кози, овци, сирење, кокошки, зајаци, сливи, малинки, компири, праз, кучинја… Далеку од развиениот свет. Дали ќе работев и јас во шумско со груби големи дабови. По 10 часа на ден физичка тешка работа. Со моторна пила и со коњ. Можеби ќе бев овчар, автомеханишар, водоводџија, професор, доктор, пратеник, таксист, продавач, пица – курир, поштар, шофер на шлепер, музичар, уметник, златар, или готвач, ѕидар? Каде и како ќе течеше мојот живот во Македонија.

Дали се спасив од неверојатните плитки, смешни, празни, лажни, ветуваља од едни те исти политичари во Македонија? Дали ќе седев и јас (дипломиран или не, докторант, магистрант) без работа дома. Без перспективи со нервози за подобра иднина. Дали ќе одев и јас како пингвин по плави, црвени, жолти, црни, зелени, бели симпатизери. Од немање  алтернатива и друг избор. Како ќе снајдев и јас. Како сите? Дали ќе бев и јас зависен од пријатели, од системот, од комшија, кум. Од сватот на брачетми, неговата жена која се дружи со една стара школска. И таа има еден брат, а неговиот син се дружит со еден од пожарнана. Тој имат дедо што работи со години во ЕМО. И тој можда здравје ќе ми среди таму да работам. Да, се надевам. За да можам да си ги платам едноставно само основните сметки.

Имам среќа дека сум во можност да го видам цел свет. Многу континенти, држави, култури, народи и обичаи запознав. Тоа е моето богатство. Шесто се прашувам. Во која Македонија сум роден. Во владејачката “Вечната” Маркетиншка телевизиска Македонија. Режирана со скапи нашминкани спотови. Или сум роден во нашата реална, вистинска Македонија каде што секое лице покрај кејот има скриени тајни за успех, труд, среќа, проблеми, љубомора, нервози…. Најтешко ми е кога некој ќе ме праша: „И, каде се чувстуваш дома. Која држава ја сакаш повеќе, дали си Македонец или Холанѓанец?’ Веќе долго време ова ми е одговорот: се зависв од моментот, времето, местото, ситуацијата, друштвото и расположението дали се чувствувам црвен/жолт или портокалов. Ама накрај сум Македонец. Тоа цел живот нема да го заборавам. My hometows….таму се моiте корени.

Поздрав до Охрид

Влатко Амстердам