Деновиве Охридските медиуми и некои пишани медиуми просто ме фрапираа со
нивното наводно “истражувачко новинарство”, за тоа како од каналот Студенчишта мистериозно исчезнал бродот “1-ви Мај“, а глупоста да биде поголема , демек никој незнаел каде се наоѓа.
Ова “игла “од брод се наога во халата на охридскиот бизнисмен Венко Шапкар, а ПРЕД ПОВЕКЕ од 20 дена е продаден на бизнисменот Велија Рамкоски, сопственик на А1 телевизија. Фестивалите дека бродот може да се врати во езерото видоизменет, ама со исти бројки на мотор секако дека не поминуваат.
Имено за потребите на истиот брод во 2003 година од една турска фирма набавен е нов мотор, бродот во целост е изменет,и досега ќе беше пушен во Охридските води пред компанијата на Шапкар да го купи бродот Галеб. Имено бродот 1-мај е внесен во халата на Амак ,т.е во поранешно АГП но по неговата реставрација и надградба на кабината, инженерите на оваа компанија не предвиделе дека со таков габарит не ке можат да го изнесат од халата, па за да овој брод се изнесе од халата потребно е да се руши целиот ѕид од неа или крајно да се симне кровната конструкција од халата и со дигалка да биде изнесен надвор.
Втор проблем, секако повторно непредвиден, е и неговиот транспорт до водите на езерото , и секако повторно причина е неговиот габарит. Изјавите дека не се знае каде се наоѓа бродот не држат, а посебно не држи изјавата на новопоставениот капетан на Капетанаријата на пристаништа на Р.М., од причина што тој добро знае дека спорниот пловен објект се наога во АМАК од причина што нашиот ни капетан работеше во оваа компанија .А за тоа дали некој имал право да продаде или да присвои нешто што не е негово , секако тоа е во домен
на оперативната работа на МВР, а вакво дејание според кривичниот законик на Р.М. преставува кривично дело категоризирано како тешка кражба, и е казниво според КЗ на Р.М.
Крајно време е да престанеме да глумиме лудило .
Со почит .
Сашо Денесовски лк.133695-Новинар
Важно:
Ставовите изнесени во рубриката Ваши ПИСМА, не се ставови на редакцијата на ohridnews.com и таа не сноси одговорност за изнесеното во текстовите. Редакцијата во текстовите на читателите врши само корекции кои не ја менуваат содржината.
Од редакцијата