Дали е прегласна музиката низ нашиот град или само мене  така ми се чини ………… Можда имам само  јас  истанчен  слух  кој знае….  Последниве неколку дена покушувајќи да заспијам  слушам  разна музика  од разни кафулња низ градот  а живееме на  периферија  па се  запрашувам   како спијат тие што се поблиску до центарот   … спијат ли ???  немам  чуено некој  да се пожали     како  што реков можда имам истенчен  слуххх
  
А дали сакам да  слушам музика во моментот   дали ми се слуша баш  тој  вид на музика  почнувајки  од  Харис   , па  Дејвид Гета  па  техно журките  и врв на мојата толеранција беше  Бајага …  почнав да се запрашувам  како им е на постарите  или  лугето во залост  на кого не му е ни  до најмал звик на музика  а принудени се да слушаат цел концерт  без нивна  воља  под принуда  … се со цел  некој некаде  да  се разонодува  од една страна   а од друга страна  некој да печали .. а  ти утре  треба да си  работоспособен  за работа а како кога едвај успеваш  неколку сати да  задремиш…  почнувајки да размислувам баш во времето кога треба да се  спие  се запрашав дали властите  и  тие што треба да ја  испитуваат звучноста на локалот  се на  работа или користат годишен одмор  па можда се и на  боловање  кој знае  можда некој ке  се јави и ќе каже …..  а  се некако ми се навраќа памтењето од лани  се беше  актуелен и  го имавме  апаратот за мерење на прекумерната  звучност на локалите   ама некако годинава како да не е актуелен или како и секогаш   „ свако чудо за  три дана“.

Ај да си кажам да не ми остани танк   на душава  се наканив да се јавам во полиција   по мојата реакција ми кажаа дека знаеле   е сега  дал  имало и некој  др како мене  со  истанчен слух па   слушал или па   се слушал баш Бајага дотаму не  знам  не  ми кажаа  … ме  чудит знаеле а не реагирет  ???е тоа баш онака  ми беше врв на  вечерта  па решив да Ви напишам  едно писмо не  е  лекторирано или па средувано туку само како сто ми течееа мислите   штракав по  тастаурата а на  Вас  останува дали ке  истражувате    или што понатака  …………. па се надевам дека  од  утре  вечер ке можам малку  и порано  да си легнам  ако не друго барем  ноќно време  да одморит човек  како  што рекле  ноќта е за спиење  а денот за  се останато …

Билјана

* Ставовите изнесени во оваа рубрика се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите. Текстот не е лекториран и е објавен во оригинал.