Е добро де сега. Луѓево навистина работат нешто. Па не е лесно да шеташ по државине на саеми секоја недела и да носиш во Охрид кинески новинари и руски туроператори и да ги шеташ по ручеци и излети. И на крај сето тоа ќе го исфилуваш со по една, да се изразам културно “бе 2” средба, колку од далеку хотелиериве да ги видиме искосените очи на Кинезите и Јапонците, за да не ни остани мерак.
А голем број од хотелите повеќе не ни пуштаат свој претставник на ваквите седенки, за да не си го губат времето кога јавна тајна е дека соработката е веќе однапред договорена со крупните играчи кои добро ја подмачкале работата, а на останатите им ги мачкаат само
очите.
Мачкано, немачкано, сепак ич немаше да ми биде мака ако видевме досега барем малку повратен резултат и во било кој хотел ( па дури и на комшијана) да престојуваше една група од земјите на досега донесените туроператори. А тие кутрите зашеметени од убајните што ги видоа низ Охрид заборавија да прашаат и кои се цените на хотелските објекти што им беа презентирани. И пак како за унер, барем некој да одговореше на испратените пријателски е-мејлови, барем дека стигнале здрави и живи, не мора да пуштат туристи ако не сакаат.
И пак имало-немало резултат од ваквите средби со странски туроператори, туристичкиов еснаф пак ќе си оди на нив, па барем ќе си полафиме со кафенце. Е сега тука е најголемата смешка, што челните луѓе на Агенцијата, селективно одлучуваат кого ќе го известат да присуствува на тие состаноци. Значи ако на некој од главните не му си симпатичен и не му се допаѓа твојот сместувачки објект, заборави дека ќе добиеш известување, па ти ако сакаш на глава застани. Нормално со сила не бива убавина, а уште помалку во ова капиталистичко време. Но, бидејќи колку што знам Агенцијата за туризам е државна и нејзините вработени земаат плата од нас, не ми е јасно од каде некои ситни, исфрустрирани души имаат право со нашите народни пари да прават приватен есап. А,можеби во меѓувреме Агенцијата си ја купија нејзиниот директор и вработените и стана приватна фирма, не знам, можеби треба да се јавам и прашам во Министерство за економија.
Верче.Б.
Изнесеното во рубриката Ваши ПИСМА, се лични, а не ставови на редакцијата на „OhridNews“ и таа не сноси одговорност за содржината на текстовите во оваа рубрика.
Од редакцијата