Се прашувам какви сме тоа “ние Охриѓаните”? Го сакаме ли Охрид? Вистински ли го сакаме?

Последниве неколку дена ме “вадат од контакт”….на сите страни реклами “Да навиваме за кошаркарите”….”дојдете на плоштадот да навиваме заедно! “…

Нема тв станица, било наша локална или државна да вестите не ги започне со кошарка и кошаркарите! Кај нас нема други спортови???  А во  нашиот град , на нашето езерце, тука и сега се одржува 46 Балканско првенство во едрење!!!

За прв  пат во историјата на градот! Тука! Во Охрид! Пред нашите очи! И тоа да биде десета вест по ред на локалните ТВ???? И само по две реченици на националните ТВ???

Па каде е тв Сител “бранителот на националнитечувства” да известува од “местото на настанот”?

Прв пат, а можно и последен, кај нас да се случува нешто вакво. А ние не реагираме,инертни како и секогаш во овие последни 20-тина години. Што тоа се случува со нас? Со нас Охриѓани?

Езерото никогаш не ни било поубаво!….Одлична прилика за промоција на градот во секој смисол….економски,туристички,спортски,итн.итн…Имаме ли ние било каков спортски клуб со кој можеме да се гордееме? Немаме! Еве ни прилика да бидеме барем малку горди.Разбудете се! Не мора да има само политички митинзи во градот па да се собереме! Да навиваме за нашите едриличари денес, утре за пливачите,кајакарите,одбојкарите итн.итн…! Тоа е единствениот начин, спортот во овој град да преживее и да почне  барем малку да се развива.Инаку нашите деца (ако не заминат во странство) и понатаму ке ги гледаме по кафулињата.

Авторот познат на редакцијата

 

*Ставовите изнесени во рубриката „Отворена“ ( Писма-Колумни) се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.