Најбогатиот човек во светов беше неколку дена во Охрид! Топ Вест. Како гостин на ИТ-конференција. Каков контраст. Повеќе од пола град во Охрид е без работа. Голем дел се мачи, пати. Се живее со просечна плата од 250-400 евра. Издоктриниран народ со политички октопус финти. Борба за живот, за храна, за најобичните средства. Се живее за да се платат сметки, дрва, кредити, факултети, матури, фустани, фризери, торти, козметички услуги, скутери, мобилни. Браво за тие што успеаа да го убедат овај гигант да најде слободно време за да се шета каде што се шетаме и ние, обични ситни риби. Плашици. Тој со девизи, ние со 69 милјарди желби.
 
Што ако имам 69 милјарди долари. Како би живеел со таква сума пари, каде, со кого? Дали ќе имам тогаш вистински пријатели и вистинска фамилилја. Дали сопругата стварно ќе ме сака поради мојот сјајен карактер, моето љубовно срце, моите мали роматични акции. Дали навистина ме трпи од што сум вреден татко, идеален сопруг, променлив како времево. Не сум секогаш идеалниот зет, ја нервирам на моменти и накрај пак се сакаме искрено. Или единствено само поради парите, финансиската слобода, животна незавизност и материјалајните можности ме сака? Колку што е сон и убаво да си Карлос Слим (со полно ќесе од 69 милјарди долари) толку е и тешко. Тешко него. Го жалам. Не му сум љубоморен. Го сфаќам.
 
Зошто владава го форсира толку? Зошто Карлос Слим не беше до маларична. Зошто не е отиде до болницана пропадната. Да види какви се медицинските услови за сите охриѓани. Зошто не беше до на пазар. За да види како се тезгине крпени со плехој и конец. Зошто не беше до Абас Емин. За да види дека нема таму еден обичен тротоар. Зошто не беше до Железничка, за да види жителите и децата таму како се снаоѓаат со лошата инфраструктура. Не виде како колекторон влегува во езеро. Зошто не беше во Велгошти, за да ги види локалните сокаци. Зошто не сврати во некое училиште да види што им е потребно. Зошто не ги посети хендикептираните лица, глувонемите, наркомани без иднина, пензионерите или избрканите разочарани, отфрлени работници од ЕМО, Отекс, Застава. Зошто не разговараше со критичари од синдикатот и судствоно, со етничките малцинства. Зошто не оди во една просечна охридска населба за да види како се живее. Зошто не беше до спортскион центар. За да видит какви отворени можности имат таму за реализација. За да може цел регион да спортува. Зошто не инвестира во локални медиуми за тие уште посилно независно да работат. Зошто не јадеше бурек во старана чаршија. Или хамбургер, кебапчиња од некоја трафика пластична на Туристичка. За 90 денари. Да го види генерално вистинскиот живот во Охрид и во Македонија.
 
Штета, пропуштени и промашени шанси од неговите водичи и македонските организатори. Сепак ги сфаќам домаќините од неговата посебна еклузивна посета. Но вредно е некогаш и од сосема друг аспект вакви луѓе да ја видат нашава мила, убава држава. Не само една страна. А некаде се надевам дека можеби тој скришно прошетал во утринските часови низ градов, со капче маскиран. Без телохранители. Како некој клошар. И дај боже пред да му полета авионот можеби има донирано 10 милиони долари за еколошки проекти, за Коснозглобна, за деца без родители и дом, помош за пациенти. Можеби тој ќе обезбеди конечно модерна голема паркинг гаража. Можеби тој ќе го направи автопатот Скопје-Охрид. Можеби тој ќе го купи езерото. Можеби тој ќе ја реконструира чаршијата со канал и мостови. Можеби тој ќе го реновира поранешниот хотел Палас како елитна палата. Можеби тој ќе отвори уште 5 бензински пумпи. Можеби ќе донесе ИТ-фабрика за 7000 работни места во Охрид. Здравје.
 
Верувам дека господинот Слим е среќен, весел, си прави што сака. Има хумана душа. Можеби во иднина ќе фрли некој долар во Македонија. Од што е толку воодушевен од се во нашава држава. Мило ми е дека е скромен. Демек такви сигнали покажуваше во Охрид. Скромноста го краси човекот. Да си толку голем и таков да си. Респект. Ок, можеби тоа е пола театар и пола вистински карактер. Некој со едно црно Порше на плоштад или некој внук од просечен обичен не талентиран македонски пратеник повеќе галама и прашина креват од како господинов Слим. Се трудам да замислам како се има мексиканскиов мултимилјардер чувствувано во тој еклузивен “Јуниор апартман“ со поглед кон езеро. И тој има обични животни моменти. Како секој. Сигурно си мисли пред да спие А: “да сум здрав и жив, и сите околу мене”, Б: “колку пари имам и утре како ќе можам дупло да заработам” и Ц: “зошто сите ми прават фаци, само ме галат, ме користат, ме фалат, ме масираат, се најубаво ми посакуваат. За тие пари. Никој не ми зборува нормално, никој не ми оди реално контра.”
 
Значи судбина наша, на Охрид му е: само неколку културни, археолошки работи, природата и езерото носат за 90% вода и леб во градот. Покрај тоа доаѓаат домашни гости, туристи, ВИП-посетители, има забави, фестивали, настани, конгреси, журки, осветлување и светско внимание. Проклет живот живејме. Се за пари и маркетингшка галама. Парите се исто како вода. Ако нема два сати вода, баш тогаш ќе осетиме колку е вреден животот со вода и колку е тешко без вода. Никако не е. Да си сиромав или богат. По старски: ни терај ни води.
 
Поздрав,
 
Влатко
Амстердам

* Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.