Лагите и ветувањата на кандидатот за градоначалник за Дебрца, Ногачески се повеќе и повеќе го тераат кон дното, рече на денешната прес конференција кандидатот за советник од ВМРО ДПМНЕ Дебрца, Катерина Пискулоска.
– Ногачески треба да знае дека уште овие дена нема да успее да смени ништо, бидејќи нема можност да ги избрише сликите од реализираните проекти (канализации, водоводи, патишта, улици, училишта и многу други) од градоначалникот Трајкоски, за негова жал нема да му помогне, бидејќи народот во Дебрца, знае многу добро како во неговото политичко милје ги менуваше политичките определби се со цел да си ги задоволи личните желби и потреби ветувајќи мед и млеко. Така во 2013 година проба и како независен кандидат да стане градоначалник и освои дури 12 гласови во цела општина. Нека не се сомнева Ногачески дека жителите во Општина Дебрца имаат слаба меморија и памтење, рече Пискулоска.
Потсети дека Ногачески сеуште не дал одговор на претходните поставени прашања од нивна страна.
– Ќе бидеме трпеливи уште неколку дена, а потоа ние ќе ги обелодениме одговорите, бидејќи вистината секогаш излегува на површина, рече Пискулоска.
OhridNews